• Latest

УНЕСКО: Мора да се најде баланс меѓу развојот и заштитата на природните реткости

June 6, 2018
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

УНЕСКО: Мора да се најде баланс меѓу развојот и заштитата на природните реткости

June 6, 2018 14:13
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Статусот на Охрид и Охридското Езеро како светско културно и природно богатство заштитено од УНЕСКО не е доведен во прашање, но мора доследно и во целина да се спроведуваат препораките на Комисијата на светската организација кога се во прашање одредени проекти и градежни зафати.

Тоа го посочи Синиша Шешум, шеф на регионалната канцеларија на УНЕСКО со седиште во Сараево на денешната средба „Спроведување на акции /мерки според одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО“ на претставници на Министерствата за култура на Македонија, Албанија и Црна Гора одржана во Охрид, свикана со цел да се дефинираат насоките на натамошна заедничка соработка во заштитата и развојот на Охридскиот регион, согласно стандардите и препораките на УНЕСКО.

Притоа претставникот на УНЕСКО појасни дека до декември оваа година македонските власти ќе треба да ги достават сите спроведени активности во насока на заштита на Охрид и Охридското Езеро како заштитени подрачја на УНЕСКО.

– Станува збор за 18 препораки што до тој рок треба да се исполнат. Не се работи тука само за проблеми од прекумерна урбанизација, од неконтролиран развој, патни и железнички траси, некакви големи туристички ресорти. Tука има проблеми со управување, со планска документација. Постојат проблеми, но тие не се нерешливи. Она што мора да се стори е да се утврди временска рамка со стратегија и акциски план за решавање на проблемите на соодветен начин. Практично да се средат сите работи, да се доведат во ред и да се почне од нула, оттаму што ние од УНЕСКО го воочивме последните години е зголемување на бројот фактори што неповолно влијаат врз областите заштитени од УНЕСКО, рече Шешум.

Инаку, што се однесува на проширувањето на зоната на заштита на охридскиот регион и на албанската страна од Охридското Езеро, во тек е процес на евалуација во рамки на самата Светска организација за заштита на природни и културни вредности.

Министерот за култура Асаф Адеми истакна дека соработката со соседна Албанија е добра и успешна во сите аспекти од заеднички интерес, а тука е и соработката во насока на прогласување и на албанскиот дел од поширокиот регион на Охридското Езеро како светско природно богатство заштитено од УНЕСКО.

Заменик-министерот за култура на Албанија Валбона Шујаку од своја страна појасни дека државните власти во Тирана веќе го имаат изготвено досието со номинација за проширување на локалитетот на Охридското Езеро и на албанска страна, со очекувања дека после доаѓањето на Мисијата на УНЕСКО предвидена за септември годинава, во текот на 2019 година да добијат позитивен одговор на барањето за прогласување и на албанскиот дел од езерото за историско и природно наследство заштитено од УНЕСКО.

Пратеникот Томислав Тунтев, како охриѓанец и член на неформалната пратеничка група „Пријатели на Охрид под УНЕСКО“ во свое име изрази задоволство од стореното досега во овој краток период во насока на заштита на природното и културното наследство во охридскиот регион како добро од исклучителна универзална вредност.

– Владата на РМ веднаш по преземањето на власта ги стопира дискутабилните пет проекти што всушност беа причина да почне Охрид да биде актуелен во УНЕСКО и да дојде во прашање неговиот статус. Тие проекти се целосно стопирани, ќе се врши нивна ревизија, сигурно ќе се спроведува и стратешка оценка на влијанието на тие проекти врз животната средина, нагласи Тунтев.

Тој потсети на иницијатива на парламентарното мнозинство дека првпат после многу години организирана е надзорна расправа за Охрид и заштита на неговото културно и природно наследство.

– Иницираме измена на Законот за управување со културното и природното наследство во охридскиот регион, од кој треба да произлезат подзаконски акти што се од есенцијално значење за заштитата на Охрид, а тоа се планот за управување со природно наследство, планот за управување со културно наследство, инвентар на елементи на природно и културно наследство, донесување на урбанистичките планови за 19 урбани комплекси во Старото градско подрачје, стратешки оценки на влијанија врз животната средина. Од друга страна се обидуваме како законодавна власт да вршиме притисок врз извршната власт сите релевантни функционери и институции чија дејност има врска нашето културно и природно наследство, најсериозно да ја сфатат работата, да ја подигнеме  и свеста кај јавноста да се сфати значењето што го има Охрид не само за градот, туку и за Република Македонија како национално богатство, па и пошироко како светско природно и културно наследство, истакна Тунтев.

(МИА)

Tags: БалканМакедонијаОхридОхридско ЕзероСараевоУНЕСКО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ