• Latest

Трибина: Проблемите во здравството треба да се решат системски

June 11, 2018
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Трибина: Проблемите во здравството треба да се решат системски

June 11, 2018 12:45
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Главна причина за заминувањето на лекарите од Македонија не е само платата, туку и тоа што лекарите не се вреднуваат според заслуга или според работата со пациентите туку по политичка основа или по тоа што се синови или ќерки на професори, истакна една специјализантка по медицина на денешната трибина на која присуствуваа премиерот Зоран Заев и министерот за здравство прашувајќи како новата Владата планира да го смени овој систем којшто со години функционира во земјата. 

Специјализантите изразија незадоволство и од начинот и нивото на пренесување на знаењата од страна на нивните ментори, а оние од општа хирургија се пожалија и дека малку имаат практична работа. Петмина веќе обучени хирурзи работат на несоодветни работни места во Ургетниот центар.

Премиерот Заев кажа дека мора да постојат системски законски решенија во здравството, кои нема да зависат од поединци.

– Најголем коректив и она што е слабост на нашето општество и јавното и гласното зборување. Вакви трибини на секое ниво за да можеме да ги отстраниме сите оние слабости во нашиот систем, дали е по линија на Заев и СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, политички партии, или татко лекар добро позициониран во општеството со одредени можни фигури и сите други се обесправени немаат фер и еднаква шанса, најмногу можеме да ги отстраниме ако јавно, јасно и гласно зборуваме за тоа, рече премиерот пред специјализантите по медицина.

Заев потенцира дека исто така одговорност мора да има насекаде.

– Македонија е една поголема фирма. Ќе се организираме сигурно подобро, ако бидеме гласни и отворено зборуваме, рече Заев.

Министерството за здравство денеска ја организираше трибината на тема „Инвестираме во младите леакри, иднината на здравството во Македонија“, чија цел беше да се слушнат ставовите на специјализантите и да се спречи се поголемиот одлив на лекари надвор од Македонија, но и на друг медицински персонал. Заев и Филипче на трибината ги посочија напорите што Владата и Министерството ги прават за да ги задржат овие кадри во Македонија, но исто така слушнаа и низа ставови и сугестии од специјализантите.

Мора да ги мотивираме, кажа тој, веќе искусните специјалисти да го споделат знаењето со помладите.

– Ништо не е добро ако се однесе со себе во пензија, дај да пренесеме колку што може повеќе оти и тој, и неговото семејство, сите ние сме потенцијални пациенти, рече премиерот.

Најави насочување на, како што кажа, сериозни алокации на ресурси кон здравството.

Од министрите за здравство и за финансии, кој ги определил 180-те милиони денари годишно потребни за платата за општ лекар специјалист, да се изнајдат пари и за оние две групи специјализанти кои не добиле плата поради тоа што се воделе како вработени и им бил плаќани придонеси.

До 2020 година платата на специјалистите во Македонија, според премиерот треба да биде 100.000 денари. Веќе се зголемени се средствата за дежурствата на медицинските лица.

– Владата донесе Предлог-програма за едукација на лекари и медицински персонал и за кофинансирање на специјализантите односно субпецијализациите на здравствените работници вработени во приватните здравствени установи за 2019 година, рече Заев додавајќи дека од 2017 до 2020 година со низа мерки Владата гаранти ра дека создаде достапен, квалитетен и долгорочно финансикин одржлив систем за здравствена заштита.

Од овој месец плата ќе земаат и оние кои се пријавиле на конкурсот во јануари оваа година. Дополнително за да го зголеми бројот на специјалисти во државното здравство ќе воведеме специјализации за најдобрите десет студенти, во секоја генерација и ќе се зголемат квотите за соецијализации. Педност ќе имаат дефицитарните специјализации, рече премиерот.  Се подготвува и план за вработување на докотори според потребите во земјата.

– Нашите првични анализи од терен покажуваат дека само во Скопје недостигаат над 100 доктори, а во целата земја бројката е тројно поголема, рече Заев.

Посочи на изградбата на новиот клинички центар, каде ќе има подобри услови за работа.

– Наша желба е да останете и да работите во Македонија, рече Заев.

Министерот Филипче кажа дека конкурсот за нови специјализација ќе биде во септемри, а за помал дел во јуни. Потенцира дека се прават напори за поврзување со наши лекари кои работат во странство за да се создаде можност нивната експертиза да се пренесе на лекари кои работат во земјата. Министерот за здравство најави состанок со менторите и професорите на специјализантите за да се поттикне поквалитетна нивна едукација.

Филипче во среда ќе биде во посета на Универзитетската клиника во Франкфурт, а најави соработка и со универзитетска клиника од Рим. Наскоро во посета на Гинеколошко-акупшерската клиника во Скопје ќе дојдат лекари од една софиска болница за да раменат искуства со своите колеги.

На трибината присуствуваа и претставници на Клубот на млади лекари и на Здружението на лекари специјализанти.

(МИА)

Tags: Венко ФилипчеВлада на Република МакедонијаздравствоЗоран ЗаевлекариМакедонијаМинистерство за здравствоплати
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ