• Latest

Орбан и Бабиш го негираат тврдењето на Меркел дека ќе потпишат договор за мигрантите

July 1, 2018
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Орбан и Бабиш го негираат тврдењето на Меркел дека ќе потпишат договор за мигрантите

July 1, 2018 10:20
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа негираше дека Унгарија е една од 14-те земји, кои се подготвени да потпишат договор со Германија за забрзување на процесот на реадмисија на барателите на азил депортирани од Германија, а чешкиот премиер Андреј Бабиш, исто така, одлучно ја отфрли веста дека меѓу овие земји е и Чешка.

Орбан изјави за новинската агенција МТИ дека овој извештај е „вообичаен политички блесок” и дека таквиот договор не е постигнат.

Германската канцеларка и претседателка на Демохристијанската унија (ЦДУ), Ангела Меркел вчера им испрати извештај, под наслов „Повеќе ред и правила во политиката за миграција: ситуацијата по самитот на ЕУ 28/29 јуни“, на коалициските партнери Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) и на Социјалдемократската партија Германија (СПД).

Портпаролот на Орбан, Берталан Хаваси, изјави за МТИ дека ставот на Унгарија за мигрантите не е променет од 2015 година и дека ниту еден барател на азил не може да влезе во Унгарија откако тој веќе влегол во Грција или во друга земја-членка на ЕУ.

Во извештајот се наведува дека 14 земји-членки и рекле на ЕУ дека се подготвени да потпишат договори со Германија за прием на барателите на азил, кои претходно веќе се регистрирани во нивните земји. Меѓу овие земји се наведени некои од најгласните во спротивставувањето на мигрантската политика на отворени врати на германската канцеларка, вклучително и Унгарија и Чешка. (МИА)

Tags: Ангела МеркелГерманијанема договорУнгаријаЧешка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ