• Latest

Заев: Балканот е сменет за подобра иднина на младите

July 5, 2018

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Балканот е сменет за подобра иднина на младите

July 5, 2018 09:22
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Балканот веќе е сменет и се затвораат сите отворени прашања во насока на обезбедување подобра иднина на младите генерации во државите, им порача премиерот Зоран Заев на средбата на дваесеттината млади луѓе кои во организација на Европското движење – Нови Сад, Европскиот фонд за Балкан и амбасадата на Република Австрија во Македонија се на турнеја низ Балканот по повод австриското претседателство со ЕУ.

Премиерот основен акцент стави на постигнатите договори со Република Бугарија и Република Грција кои, како што рече, се плод на пријателство и помирување, а сепак ја гарантираат посебноста и разликите на нашите народи.

– Се надеваме дека ќе направиме подобра иднина за нашите деца. Нашата цел е Европската Унија. Веруваме во европските вредности, можеби повеќе и од некои земји членки на Унијата. Да се верува во стабилност, безбедност, силни институции, кои ќе ги изградиме заедно со вас младите, значи да се верува во иднината, рече премиерот Заев на средбата.

Австриската амбасадорка во Македонија Ренате Коблер, која присуствуваше на средбата истакна дека присуството на премиерот Заев на денешната средба е знак на поддршка на овој проект и дека тоа е знак дека тој е на иста линија со младите луѓе кои шират европски вредности на помирување.

– Во текот на средбата на премиерот Заев му беше пренесена порака дека има силна поддршка од младите луѓе од земјите од Западен Балкан и Европа за чекорите што ги презема во насока на решавање на чувствителните прашања кои го оптоваруваат регионот, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Исто така беа пројавени иницијативи за поголемо вклучување на младинските организации во имплементирањето на постигнатите договори, кои, како што беше речено, ќе придонесат за зголемување на позитивните ефекти и аспекти, посебно од постигнатиот договор со Република Грција, преку вмрежување во заеднички проекти во насока на интензивирање на соработката во повеќе сфери од општеството. (МИА)

Tags: БалканЕУЗоран Заевиднинамлади
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ