• Latest

Адеми: Резултатот од референдумот ќе треба да го почитуваат сите институции

July 5, 2018
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Адеми: Резултатот од референдумот ќе треба да го почитуваат сите институции

July 5, 2018 16:01
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми денеска изјави дека го поддржува одржувањето референдум за името и оти одлуката што ќе се донесе ќе треба сите институции да ја почитуваат. 

– Одржувањето референдум е став на Владата. Премиерот и сите ние сме кажале дека референдум ќе им во делот на ова прашање, изјави Адеми во Македонската опера и балет пред промоцијата на трите нови проекти на Агенцијата за иселеништво: Прирачник за иселеници, Сликовница за изучување на мајчин јазик и веб-страница.

Според него, за тоа каков ќе биде референдумот треба се договораат политичките чинители, односно сите партии кои учествуваат во политичкиот живот во Македонија ќе решат дали ќе биде задолжителен или консултативен.

– Како и да е, одлуката на референдумот на крајот на денот ќе треба сите институции да ја почитуваме, посочи Адеми.

Митрополитот на Европската епархија Пимен одговарајќи на новинарско прашање рече дека неговиот личен став за тоа дали го прифаќа или не Договорот со Грција ќе го каже на референдум. Изрази надеж дека ќе се одржи референдум бидејќи, како што рече, се заговара бојкот. Oтец Пимен

– Самиот Договор по себе е далеку од идеален, но тој не е нешто толку погубно како што се толкува во некои случаи. Луѓето тоа го доживуваат како предавство. Крајната инстанца сепак останува на народот, не само на политичарите туку на секој еден поединец затоа што ќе има можност да се изјасни на референдум „за“ или „против“, изјави отец Пимен.

Прашан дали власта се меша во секуларноста на државата, тој појасни дека секогаш постои контакт меѓу црквата и државата затоа што, како што рече, сепак работиме со еден ист народ, луѓето кои гласаат и луѓето кои ја посетуваат црквата.

– Не може да се зборува за строга поделеност. Никој не може да ја повлече таа граница до каде е. Нормално е да имаме соработка, а од друга страна да се има и дистанца затоа што убаво е да се залагаме едни за други, ние како црква за напредок на државата и државата да се залага на напредокот на црквата и за надминување на некои вакви клучни моменти. Треба да има кохезија меѓу црквата и државата, а да не се загрози секуларноста, смета отец Пимен. (MИА)

Tags: Агенција за иселеништвоЕдмонд Адемиотец Пименреферендум
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ