• Latest

Турција со старо-нов претседател и ново политичко уредување

July 9, 2018

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
Пожарникар бара поддршка од уште десет спасувачи, Њујорк, 11 септември 2001 (фото извор: Wikipedia)

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Турција со старо-нов претседател и ново политичко уредување

July 9, 2018 13:01
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Актуелниот шеф на турската држава Реџеп Тајип Ердоган денеска првпат ќе положи заклетва  како претседател во нов политички систем, каде ќе ја има целата извршна власт.

На церемонијата на полагањето на заклетва на Ердоган ќе присуствуваат 22 претседатели, 28 премиери и претседатели на парламенти.

Ердоган беше реизбран на изборите на 24 јуни со повеќе од 52 проценити од гласовите и доби мандат да управува со земјата во следните пет години.

Со тоа стапува во сила новиот политички систем во Турција.  Според едни аналитичари тоа е „претседателско владин систем“ а според други „претседателски систем од турски тип“.

Независно од тоа како се нарекува тој прилично ќе се разликува од досегашниот парламентарен систем. Ердоган ќе добие ингеренции какви што досега немал ниту еден турски лидер со исклучок на Мустафа Кемал  Ататурк.

Ердоган во исто време ќе има три функции – претседател на Турција, шеф на Влада и лидер на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП). Бидејќи се укинува премиерската функција ингеренциите ги презема Ердоган, кој ќе има право да именува министри, да избира и именува судии и обвинители, а ќе раководи со одбраната и националната безбедност односно останува врховен командант на турската армија, како и со Дирекцијата за религиозни прашања.

Ердоган ќе може да владее преку декрети.

Претседателски декрет број еден- Правници и експерти неколку месеци работат врз документот, што ќе претставува фактичка организациска шема на новиот систем на управување со државата. Предвидено е системот да има и двајца заменици претседатели, но може да бидат и повеќе.

Со декретот број еден Ердоган официјално ќе го објави составот на новиот Кабинет. Според извори на претседателскиот кабинет ќе има 16 наместо досегашните 23 министри а потоа девет високи комисии задолжени за различни сектори.

Турскиот Парламент најстарата институција во земјата (основан на 23 април 1923 година) ќе има 600 пратеници, а досега имаше 550. Пратениците положија заклетва на 24 јуни. Во досегашниот парламентарен систем премиерот задолжително требаше да биде пратеник и се избираше од мнозинството пратеници. Во новиот систем Ердоган ќе раководи со министрите кои сега ќе можат и да не бидат пратеници. Друга новост е тоа што од именуваниот кабинет на Ердоган нема да се бара гласање на доверба, како што беше досега.

Досегашниот премиер Бинали Јилдирим се очекува да ја преземе функцијата на претседател на Парламентот. Владејачката АКП во саботата го номинра Јилдирим за свој кандидат за функцијата претседател на новиот турски Парламент.

Првата седница на новиот Кабинет ќе биде на 13 јули.

Се претпоставува и дека на 15 јули, на двегодишнината од неуспешниот државен удар Ердоган ќе ја укина вонредна состојба, како и дека ќе потпише указ со кој ќе биде укината забраната за патување во странство на околу 180.000 турски граѓани. (МИА)

Tags: властизборипретседателРеџеп Таип Ердогантурција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ