• Latest

Хан: Уверен сум дека преговорите со ЕУ ќе почнат следната година

July 27, 2018

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Хан: Уверен сум дека преговорите со ЕУ ќе почнат следната година

July 27, 2018 10:41
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во разговор за европскиот весник „Политико Европа“, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, вели дека е “уверен“ дека преговорите со Македонија и Албанија ќе почнат следната година.

Во интервјуто Хан објаснува и дека со двете земји е почната подготвителната работа, што претходи на отворањето на преговорите со ЕУ.

– Ова е многу комплетна работа и се надевам дека ќе можеме да ја завршиме за една година до 14 месеци. Целта е да се добие зелено светло од сите земји членки во средината на следната година, вели Хан потсетувајќи на агендата на Советот на ЕУ во јуни 2019 година да се наврати на почетокот на преговори со Македонија и Албанија, кога земјите членки треба да дадат зелено светло доколку поставените услови се исполнети.

За Македонија тие услови се однесуваат на реформата на безбедносните служби, јавната администрација и борбата против корупцијата, вклучително и високиот криминал.

Еврокомесарот се наврати и на француската блокада на проширувањето, која ги иритираше повеќето земји членки и Европската Комисија.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, смета дека не може ЕУ да се проширува пред самата реформски да се продлабочи, аргумент на кој Хан одговара дека процесите можат да одат паралелно.

Еврокомесарот потсетува дека граѓаните на Западниот Балкан “имаат право да станат ЕУ граѓани“ и дека ЕУ се “соочува со избор дали ќе извезува стабилност во регионот или ќе увезува нестабилност во ЕУ“.

-Мојата поента е можеби малку поразлична од претседателот Макрон, можеби можеме да го убедиме дека двете работи мора да се прават паралелно, вели Хан за „Политико Европа“.

Едно од предупредувањата на Хан зошто ЕУ треба да се рефокусира на Балканот е што другите големи сили сѐ повеќе се вртат кон Балканот. Иако најчесто во тој контекст се споменува Русија, еврокомесарот потсетува и дека кинеските инвестиции се сѐ поголеми.

Хан алармира дека земјите во регионот би можеле да станат “тројански коњи“ на Пекинг, што еден ден ќе станат членки на ЕУ. Еден од примерите кои ги наведува Хан е изградбата на автопат во Црна Гора, финансиран од Кина.

– Мислам дека треба да бидеме внимателни на стратегискиот концепт на Кина и да реагираме на соодветен начин, мислам дека ова ќе биде еден од големите предизвици на Европа, вели Хан.

Хан се осврнува и на проблемите во Босна и Херцеговина и Косово, кои се наоѓаат на крајот на трката кон ЕУ, и се единствени без опипливи европски рокови.

-Сѐ почна во 1989 и падот на „железната завеса“. Големото проширување во 2004 беше првата голема последица и би рекол дека сѐто ова ќе биде завршено само кога шесте земји ќе станат членки на Унијата, порачува Хан. (МИА)

Tags: ЕУЈоханес ХаноптимистПреговори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ