• Latest

Најчевска: Патриотизмот гледа кон иднината, а не кон заборавени традиционални вредности

August 5, 2018

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Најчевска: Патриотизмот гледа кон иднината, а не кон заборавени традиционални вредности

August 5, 2018 12:42
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Патриотизмот значи дека луѓе со различна етничка припадност, верска припадност, со многу различни идеологии, разбирања и размислувања можат да негуваат истоветни чувства кон местото на раѓање и да го сакаат тоа место на раѓање токму заради неговата различност, комплексност и сложеност“, изјави професорката Мирјана Најчевска во разговор со ЦИВИЛ Медиа правејќи дистинкција меѓу патриотизмот и национализмот кој, како што вели, многу често се гради врз негирање на квалитетите, постоењето  и влијанието на другите групи на истиот простор и величање на сопствената група.

Според Најчевска патриотизмот е процес на развивање, на сметка на национализмот кој е величање на сопственото независно дали е негативно или позитивно, што подразбира дека тоа е најдоброто и нема потребата од компарација со другите.

„Во моментот кога национализмот ќе се судри со реалноста, се бара потврда во минатото… И тука доаѓа до судир со она што претставува денешен цивилизациски развој со она што претставува вредности во минатото. Тука се гледа разликата меѓу патриотизмот и национализмот. Патриотизмот гледа во иднината, подразбира развој, почитување на она што претставува минато меѓутоа низ призмата на подобрување, градење и живеење во иднината. Национализмот значи затворање, негирање на   различноста и вртење кон сѐ она што претставува минати веќе заборавени традиционални вредности“, изјави Најчевска.

Во однос на тоа колку политиката влијае на пропагирање национализам, Најчевска смета дека луѓето се вртат кон него во моментот кога актуелната реалност не им нуди ништо добро. Според неа, на Балканот, политичарите играат на картата на национализмот и многу малку им обезбедуваат на граѓаните она што им е потребно.

„Мора да изградиме индивидуи. Патриотите се индивидуи, а националисти се сите оние што се собираат по  групи. Доколку ние успееме да изградиме граѓани на државата што како индивидуи ќе бидат способни да се поврзуваат на различни флексибилни начини со другите граѓани зависно од различните интереси и потреби што во одреден момент ги имаат. Граѓани што се свесни каде живеат, што треба да се промени и се многу критички настроени кон актуелниот момент на сопственото битисување“, изјави Најчевска зборувајќи за еден од начините да му се помогне на општеството да разликува патриотизам од национализам.

„Има сѐ уште шанси граѓаните навистина да размислуваат како индивидуи. Она што е најголемиот проблем е дека економските проблеми, сиромаштијата ги бутка граѓаните кон дивеење во групи, кон национализмот. Така што она што значи придвижување, подигање на стандардот на луѓето е веќе една поголема надеж дека ќе излеземе од тој затворен круг на национализмот“, смета Најчевска.

Ангела Петровска

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ариан Мехмети

Обработка на текст: Биљана Јордановска


Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

Tags: Мирјана НајчевсканационализампатриотизамЦивил
Share358TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ