• Latest

Анкета МЦМС: Мнозинство граѓани ќе излезат да гласаат на референдумот, поддршка би дале 41,5 процент

August 7, 2018

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Анкета МЦМС: Мнозинство граѓани ќе излезат да гласаат на референдумот, поддршка би дале 41,5 процент

August 7, 2018 21:07
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Поддршка на референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на Договрот помеѓу Република Македонија и Република Грција“ би дале 41,5 проценти, а против се изјасниле 35,1 проценти, покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мислење кое за МЦМС го спроведе агенцијата М-проспект во периодот од 24 јули до 1 август 2018 година.

Мнозинството анкетирани 66,4 отсто изјавиле дека ќе излезат да гласаат на референдумот, додека 19,8 отсто се веќе определени да се придружат на иницијативите за бојкот на референдумот. 11,9 проценти се уште немаат одлучено.

Според резултатите кај Македонците поддршка би дале 27,4 проценти, додека против би биле 45,2 проценти. Кај етничките Албанци „за“ би се изјасниле 88 проценти, а против 2,2 проценти. Поддршка поголема даваат младите 49,2 проценти, а во однос на партиската припадност очекувано големи мнозинства на симпатизерите на најголемите две партии се во линија со партискиот став 75 отсто од тие на СДСМ се „за“, а 68 отсто од приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ се „против“, но поголемо отклонување има кај СДСМ 14,6 отсто нивни симпатизери ќе гласаат „против“, наспроти 4,7 отсто од тие на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе гласаат „за“. Дополнително, 20,6 отсто од тие на ВМРО-ДПМНЕ изјавиле дека нема да излезат на гласање.

За разлика од анкетата спроведена во април, сега нема голема разлика во однос на тоа дали во референдумското прашање се споменуваат ЕУ и НАТО или не. Во тој случај – без ЕУ и НАТО во прашањето „за“ се 39,8 отсто, а „против“ би гласале 35,7 отсто.

Без оглед на исходот на референдумот, недвосмислена е поддршката за членство на Република Македонија во ЕУ (80,4 отсто) и НАТО (79,9 отсто).

Анкетата покажува дека иако 84 отсто од испитаниците изјавуваат дека се запознаени со Договорот, степенот на запознаеност со неговите одредби варира од нешто помалку од 20 отсто кои сметаат дека се целосно запознаени, до 28 отсто кои се само делумно или воопшто не се запознаени со Договорот.

На контролното прашање – испитаниците да посочат како во Договорот е дефинирана националноста (државјанството), само 17 отсто го навеле точниот одговор (Македонци/граѓани на Република Северна Македонија).

Поголем дел од испитаниците не се согласни (делумно или целосно) со неколку од клучните одредби на Договорот. Против промената на името во Република Северна Македонија се 53,6 отсто наспроти 42,3% кои се согласни со промената. Слично е и со дефиницијата за државјанстовото (nationality) каде несогласни се 56,2 отсто, а согласни 38,3 отсто. Најголема е несогласноста со опсегот на употребата (ерга омнес) со 57,1 отсто наспроти 35,5 отсто кои се согласни и за промената на Уставот  – 58,9 отсто наспроти 35,1 отсто.

Големо мнозинство од анкетираните 74,2 проценти даваат поддршка за решението за македонскиот јазик наспроти 20,6 отсто, како и со задржувањето на кодовите МК и МКД – 83,9 отсто.

И покрај поголемото незадоволство од поединечните клучни одредби (7 наспроти 2 за кои има мнозинска поддршка), на прашањето за согласност со договорот како целина, вкупно 49,1 отосто искажале согласност (кумулативно од целосна – 34,3% и делумна – 14,8% согласност), додека несогласност изразиле 46,8 отсто од испитаниците.

За МЦМС, анкетата ја спроведе М-проспект. Податоците беа прибирани телефонски (CATI) во периодот од 24 јули до 01 август 2018 година. Анкетата е спроведена на повеќеслоен стратификуван примерок од 1026 испитаници постари од 18 години. (МИА)

Tags: анкетаМЦМСреферендум
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ