• Latest
Фотографија: Томислав Георгиев

Пролетните планови на Мијалков

August 22, 2018
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Пролетните планови на Мијалков

August 22, 2018 12:42
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Фотографија: Томислав Георгиев

Фотографија: Томислав Георгиев

Share on FacebookShare on Twitter

„Саше се враќа на пролет. Договорено е.“ – тоа е пораката што вчера ја добија голем број членови на ВМРО-ДПМНЕ. Што може да значи оваа порака? Тајмингот на пораката се совпаѓа со јавниот притисок врз ВМРО-ДПМНЕ да го соопшти својот став околу референдумот. Но, пораката има и повеќе други намени. По најновата чистка во високите раководни кругови, кога се потврдија информациите дека партијата е во распад, многу е важно да се појави некоја обединувачка фигура.

Пишува: Џабир Дерала

Очигледно, Мицкоски не брка многу работа. Колку и да вика по ходници по своите потчинети солдати. Колку и да се труди да биде радикален (и здодевен), тој и неговиот тим за односи со јавноста не успеваат да ги сопрат последиците од поразот на режимот, раздорот и разногласието, особено непослушноста што, инаку, е невообичаена состојба за партијата.

Поткревање на партискиот морал

На Фамилијата во овој момент очајно многу им е потребна моќна фигура, некоја што влева стравопочит и која е доволно богата да ги разбуди апетитите за добивка. Никола Груевски е презафатен со парадирање на пистата пред Кривичен, изгледа уморно и истоштено од сето преслушување на снимките во предметите на СЈО против него.

За сега, батето нема толку густа агенда, па има време да се појави и во Лофт, заедно со својот ентураж и со син му, па да лумпува до ситни саати. Останува отворено прашањето дали Мијалков навистина е толку безгрижен и убеден во својата недопирливост или тоа е, сосе вчерашната порака до членството, обид за поткревање на урнисаниот партиски морал во пресрет на големите одлуки… а среде распад на системот… А можеби и реална амбиција да застане на партиското кормило…

Тоа повлекува и прашање дали со тоа се согласил неговиот братучед, Никола Груевски. Или тој одамна е шкартиран и ставен на лента што води кон Идризово?

Работата дојде дотаму што сега за моќниците во оваа партија е многу важно да го убедат своето членство дека нивниот најбогат и најмоќен член е во милоста на власта. Како поинаку, ако не дека е договорено негово враќање. Зошто напролет? Можеби овие структури се надеваат (и планираат) дека по референдумот ќе се создадат тензии, можеби и политичка криза, па дека заедно со претседателските, ќе се одржат и предвремени парламентарни избори.

Лажна фото-вест

Како поткрепа на оваа порака, дека Саше се враќа и дека тоа е договорено, стои и една прилично матна фотографија што деновиве проструи и низ социјалните медиуми. На фотографијата централна фигура е Сашо Мијалков, во свој лумперајски елемент, наводно во прегратка со Вице Заев.

Луѓе што лично го познаваат братот на премиерот, велат дека ликот до Мијалков е еден лик од Охрид. Тажно, што би рекла госпоџа Солза, кога внатрешните политкомесари мораат да го бодрат членството со лажни вести и да се тешат меѓу себе дека, ако Мијалков се гушка со брат му на премиерот, работата е наредена. Тоа е многу слаба утеха, па таман и да не е лажна вест.

Многу откритија од само една порака и лажна фото-вест. Состојбите во најголемата опозициска партија се полоши отколку што се претпоставуваше. Тоа не е добар знак, бидејќи оваа партија ѝ треба на македонската политичка сцена. Но, не ваква, туку модерна и демократска, но тоа одамна го констатиравме.

На пат кон иднината, со чист веш

Во секој случај, да се задржиме на висината на објективното размислување… Во ниеден миг не смееме да ги занемариме сѐ погласните тврдења дека носителите на функции во сегашната власт, на национално и на локално ниво, ни оддалеку не се на висина на својата задача. И порано сме слушнале за постоењето бизнис врски меѓу владејачката СДСМ и бате Саше. Тоа јавноста, разбудена во последните неколку години, нема да го испушти од вид и нема да го прости. Но, знае и дека прво треба да се обезбеди иднината – со Референдум.

„Амнестија нема да има!“ – кажа (повеќе пати) самоуверено и јасно премиерот Зоран Заев. Граѓанките и граѓаните на Република Македонија ќе го помнат тоа и ќе го држат за збор. Непобитни се сведоштвата дека Мицкоски и Каракамишева ја имале само таа точка – амнестија – на својата агенда, кога се одржуваа (неуспешните и непотребните) лидерски средби летово, а на кои тема беше иднината на Македонија. Тој филм е лош и неговата проекција мора да се прекине, за да му отстапи место на владеењето на правото и на прогресот.

На пат кон иднината се оди без валкан веш од минатото во багажот.

 

 


Објавено и во печатеното издание на „Слободен печат“, 23 август 2018 г.  

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: амнестијаВице ЗаевГруевскиЗоран ЗаевКаракамишеваМијалковМицкоскиреферендумфамилија
Share75TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ