• Latest

„Невидливо насилство – Стории од редакциите“: Новинарите од регионот чувствуваат страв

August 23, 2018
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Невидливо насилство – Стории од редакциите“: Новинарите од регионот чувствуваат страв

August 23, 2018 16:34
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Колку новинарите можат да се занимаваат со својата работа, и доколку не, зошто молчат, дали се почитуваат нивните работнички права, стравот што го чувствуваат додека ја извршуваат својата работа, се дел од прашањата на истражувањето „Невидливо насилство: Приказни од редакцијата“, што се спроведе во пет земји од регионот, а чии резултати беа промовирани денеска во Скопје. 

Новинарката Билјана Секуловска, една од авторите на истражувањето, рече дека дури 70 проценти од новинарите во регионот би ја смениле професијата, а главни причини за тоа се ниските плати – 42 отсто, додека на второ место е цензурата во редакцијата – 15 отсто. Посочи дека на прашањето дали се слободни јавно да зборуваат за притисоците со кои се соочуваат во редакцијата, 32 отсто одговориле дека не сакаат.

Според неа, главното прашање во истражувањето било дали новинарите можат да се занимаваат со својата работа.

– Прашањето е комплексно и има две причини, пред се има политички притисоци, притисоци во редакциите од страна на уредниците, сопствениците, а на прес-конференции од политичарите, рече новинарката Билјана Секуловска, една од авторите на публикацијата.

Според неа, второто прашање е за политичките права, односно правата на новинарите, неможноста да работат во нормални услови, неможноста да земаат достоинствена плата.

– Новинарите многу често се понижувани, обезвреднувани, малтретирани, понекогаш и сурово од самите уредници, и поради тоа крајното прашање е како новинарите можат да се извлечат од оваа ситуација, доколку пред се бидат солидарни и доколку не молчат, рече Секуловска.

Вели дека 90 проценти од новинарите во ова истражување молчеле, или инсистирале да бидат анонимни, и упати повик сите новинари да го кренат својот глас и да се борат за своите права, за слободата на медиумите и за сопствената слобода.

Жарка Радоја од порталот Контрапрес, Србија, една од авторите во истражувањето, рече дека ситуацијата во медиумите во Србија од година в година е се полоша, а за тоа, рече, најдобро говорат истражувањата на релевантни меѓународни новинарски организации, и организации за заштита на човекови права.

– Што се однесува до резултатите од истражувањето, ситуацијата во Србија е многу слична на ситуацијата во останатите четири земји. Новинарите се соочуваат со цензура, мобинг, неостварени работнички и други права, немаат доволно слобода да се занимаваат со својата работа, вели Радоја.

Таа вели оти додека го правеле истражувањето, не биле свесни за количината на страв што новинарите го имаат додека се занимаваат со својата работа и оти општествата во кои новинарите се плашат од својата работа, не можат да се наречат слободни општества.

Уна Хајдари од Косово вели дека таму проблемот е што нема новинарски синдикати кои би се бореле за правата на новинарите и оти се уште постојат етнички поделби во оваа фела.

Истражувањето е спроведено од јануари до мај годинава во пет земји од Западен Балкан – Македонија, БиХ, Србија, Косово, Црна Гора. Во истражувањето учествуваа новинари од јавни, комерцијални и непрофитни медиуми.

Проектот „Невидливо насилство: Стории од редакциите” е поддржан од ЕУ и е дел од програмата „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување“, што го реализира Хрватското новинарско здружение како дел од проектот „Регионална платформа за заговарање на слободата на медиумите и сигурност на новинарите на Западен Балкан“. Проектот е реализиран низ партнерство на шест регионални новинарски здруженија: Независното здружение на новинарите во Србија, Здружението на новинарите на БиХ, Хрватското новимарско здружение, Здружението на новинарите во Македонија и Синдикатот на медиумите во Црна Гора. (МИА)

Tags: истражувањенасилствоновинарипроектредакции
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ