• Latest

Србија ќе бара воени станови и оружје од другите поранешни југословенски републики

September 3, 2018
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
Students are focusing on books and making notes while studying and learning in a university library, representing education, academic research, and the pursuit of knowledge, copy space

Алармантни податоци за писменоста, ПИСА 2025: Северна Македонија далеку под просекот во знаење и вештини

September 9, 2026
Ед Милибанд (фото извор: GOV.UK)

Историски пресврт во британската политика кон Израел: Санкции за окупацијата и обвинувања за етничко чистење

September 9, 2026
Ландтаг, Саксонија-Анхалт

АФД победи во мала покраина, но предизвика голем потрес: Саксонија-Анхалт како предупредување за цела Германија

September 9, 2026
Министерство за надворешни работи на Босна и Херцеговина (фото извор: МНР на БиХ)

ЕСКАЛАЦИЈА: БиХ ги залади дипломатските односи со Србија по глорификацијата и погребот на Ратко Младиќ

September 8, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Кој ќе чека уште 25 години за демократија?

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026
Бленди Ходаи (фото извор: ФБ профил на авторот)

„Дали ти изгледам како идиот?“

September 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Кога немате леб, јадете колач

September 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Србија ќе бара воени станови и оружје од другите поранешни југословенски републики

September 3, 2018 10:00
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Србија во поранешните југословенски републики оставила над илјада воени станови, но и подвижен воен имот, што е запленет при повлекувањето на ЈНА.
Колкава е вредноста на тој имот, но и на оној кој го бараат поранешните југословенски републики, ќе се знае на 13 септември, на состанокот на Меѓуесорската работна група за спроведување на Анексот А од Договорот за сукцесија, објавија „Новости“.

Тоа е прв состанок на тема Анекс А од кога почна делбата, а домаќин е Белград. Се очекува дека на собирот ќе биде поставена рамката за натамошните преговори, дека ќе се излезе со податоци за тоа што спаѓа под воен имот и кој што бара.

Најголеми барања имаат Србија и Хрватска.

Хрватските експерти во Министерството за одбрана проценуваат дека вредноста на имотот на поранешната Југословенска армија изнесува 70 милијарди долари, од кои Загреб бара 10 милијарди – осум од Србија и две од Црна Гора. Меѓу другото, Хрватите бараат тенкови, артилерија, подморници, бродови … Колку нивната проценка е точна, ќе покажат архивите на поранешната СФРЈ, бидејќи, како што очекуваат претставниците на поранешните републики од Белград, во таа прилика треба да се отвори документацијата која му припаѓала на поранешниот Сојузен секретаријат за народна одбрана, складирана во Србија, наведува весникот.
Инаку, според Договорот за сукцесија од 2004 година, недвижниот имот (касарни, воени команди, одморалишта), се пренесува на државата сукцесионер на чија територија се наоѓа, па тоа не би требало да биде тема на разговор.

Загреб досега единствен истапи со барања но и натаму не именува свој претставник во Мешовитата работна група.

Од февруари, кога првпат е најавен собир во Белград, има барања од Хрватска за повеќе од 500 тенкови, за хеликоптери, канадери…Како што тврдат, повеќе од 80 проценти од флотата од поранешната југословенска морнарица завршиле во Бока Которска, а од Црна Гора во натура се бара враќање на школскиот брод „Јадран” и „Миг-21“ на Рудолф Перешин.
Воениот аналитичар Александар Радиќ истакнува дека сукцесијата на имотот на поранешна ЈНА ќе биде исклучително тешка задача. Според него, Хрватите, како и другите соседи, ќе излезат со ставот дека Србија од ЈНА земала се за себе, а со тоа и честопати се манипулира со вредноста на имотот, а особено со воената техника. Копјата особено ќе се кршат околу становите со кои располагаше ЈНА во сите републики, наведува тој во изјава за весникот.

Според тврдењата на Сава Штрпац од „Веритас“, само во Хрватска, Србите – цивили, воени лица и полиција, оставиле меѓу 40.000 и 50.000 станови, од кои немал дел припаѓал на армијата, а засега само 2.000 барања од програмата за домување се позитивно решени.


-Хрватите инсистираат на тоа дека најголем дел од научните капацитети на ЈНА и припаднале на Србија – пред сè, Военотехничкиот центар во Жарково, Техничко-истражувачкиот центар, Воено-медицинската академија (ВМА)… И тука треба да се очекува да има некој вид барање или предлог за компензација”, вели Радиќ.

Според него, Словенците се посебен проблем, бидејќи  ЈНА при повлекувањето од оваа република, во октомври 1991 година, остави дел од оружјето и техниката да ги чуваат локалните власти. Имаше договор, орочен до завршувањето на сукцесијата на државниот имот, но тоа прашање никогаш не беше затворено до крај.

Најмалку проблеми треба да има со Македонија, бидејќи, според договорот, таа земја се откажа од сите барања за имотот на Армијата, нагласува весникот. (МИА)

Tags: ЈНАСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ