Министерот за здравство Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска најавуваат дека и официјално ќе ја најават новата услуга – Мобилен сервис за здравствени и социјални услуги пред зградата на Општина Кочани, денеска, најавува МИА.
Според најавите, целта на сервисот е да се приближи здравствената и социјалната грижа поблиску до домовите на граѓаните, да се подобри пристапотот до квалитетот на здравствените услуги, а со тоа да се придонесе кон подобрување на здравјето на граѓаните. На настанот, ќе присуствуваат и постојаната координаторка на ОН Луиза Винтон, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илиев и претставник од мобилниот сервис.
Колку ова ќе биде само уште еден обид да се врати довербата во македонското здравство, што сега е еднаква на нула, ќе дознаеме многу брзо.