Тимот на ЦИВИЛ беше во посета на Гостивар и Струга, каде преку инфо-штанд комуницираше со гостиварчан(к)и и стружан(к)и за претстојниот референдум и правото на глас. Граѓанките и граѓаните на Гостивар ги оставија своите ставови и пораки кои се однесуваат на референдумот.
„ЕУ и за лицата со попреченост“, „Да живее Меркел“, „Излезете сите за доброто на децата“ – жител од Франција, се само дел од пораките што ги оставија граѓанките на Гостивар.
Тимот на ЦИВИЛ продолжи и во Струга каде што граѓаните исто така пишуваа и споделуваа размислувања, пораки, ставови…
„Арамиите и чаушите да одговараат“, „Јас одлучувам за мојата иднина“, „Ова е историска шанса која не смееме да ја испуштиме“, се само дел од пораките на стружани.
Посетите се дел од проектот „Гласам, значи постојам“ кој е поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.