• Latest

Уставниот суд ја почна седницата за одлуката за референдум

September 19, 2018
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Уставниот суд ја почна седницата за одлуката за референдум

September 19, 2018 10:47
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд ја почна седницата на која треба да се одлучува за уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум, донесена од Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година.  

На седницата присуствуваат претставници на политичката партија „Левица“ и од Светскиот македонски конгрес, кои се подносители на иницијативите, а судија известител е Елена Гошева која го образложува предметот.

Подносителите сметаат дека одлуката за референдумот не е во согласност со Уставот на РМ, Законот за референдум и другите облици на непосредно изјаснување на граѓаните, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија. Тие бараат Уставниот суд целосно да ја поништи одлуката за референдум, а доколку одлуката ја донесе по референдумот, тогаш да ги поништи резултатите.

Иницијативата за оспорување на одлуката за распишување на референдум, според поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, е обид за уривање на државата. Во изјава за МИА, тој вели дека Судот формално-правно има на располагање три можности.

Првата можност е да ја отфрли иницијативата, ценејќи дека прашањето не е такво за Уставниот суд да постапува. Втората може да биде Судот да ја одбие, односно да не поведе постапка кога веќе ја ставил во фаза на одлучување, и третата, може да одлучи да поведе постапка отпосле, да оди и на соодветно укинување или поништување.

Од друга страна, како што вели, стравува дека со поставувањето воопшто на самото прашање за разгледување пред Уставниот суд, имајќи го предвид досегашното искуство од работата на овој судски состав, се оди токму на рушење на темелите на државата.

– Рушењето на тој референдум би значело рушење на тие темели и на опстанокот на државата, истакна Ивановски.

За иницијативата за оценка на уставноста и законитоста на одлуката за референдум вчера се произнесе и шефот на дипломатија Никола Димитров на прес-конференцијата со неговиот германски колега Хајко Мас. Според него, голема е одговорноста во овој момент, кое било тело, дури и Уставниот суд, клучот на одлучување да го земе од рацете на граѓаните.

Премиерот Зоран Заев, пак, во врска со постапувањето на Уставниот суд за одлуката за распишување референдум пред извесно време рече дека, според него, сѐ е во согласност со Уставот, но дека останува Судот да си го каже своето. (МИА)

Tags: иницијативаЛевицареферендумседницаУстав на Република МакедонијаУставен суд
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ