„Ќе гласаме сите „за“ референдумот, бидејќи тоа е најдоброто решение за Македонија, повеќе нема други алтернативи“, вели еден гостиварчанец на прашањето на ЦИВИЛ – Медиа – што мисли за референдумот.
„Ќе гласаме за доброто на Македонија, за доброто на граѓаните. Да има вработување, особено за младите за да не ни бегаат во странство“, истакна друг гостиварчанец.
„Добро е да се гласа на референдумот и да се оди во Европа“, додава друг граѓанин.
„Ќе гласаме за сите да живеме убаво и да има братство и единство. Младите да живеат малку подобро, да не работат повеќе за 200 евра плата“, потенцира еден граѓанин.
„Сите одат во Запад и затоа е подобро и ние да бидеме дел од Европа и НАТО“, заклучува еден граѓанин на Гостивар.
Маја Ивановска
Обработка на текст и камера: Дехран Муратов
Монтажа: Владо Крстевски