• Latest

ЦИВИЛ ќе ја претстави публикацијата „Губење на идентитетот или…?“

December 15, 2018

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ ќе ја претстави публикацијата „Губење на идентитетот или…?“

December 15, 2018 17:21
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Идентитетот и идентитетските прашања се секогаш актуелни во јавниот, академскиот и политичкиот дискурс во светот. Во Македонија, овие прашања се извор на сериозни политички поделби и тензии, особено по историскиот Преспански договор меѓу Македонија и Грција во јуни 2018 година.

За да фрли светлина на овие прашања од низа различни аспекти, ЦИВИЛ го започна проектот „Губење на идентитетот или…?“ во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија. Во проектот учествуваат Катерина Колозова, Мирјана Најчевска, Мирјана Малеска, Маја Ивановска, Дијана Тахири, Мерсиха Смаиловиќ, Џабир Дерала, модератор и раководител на проектот, како и уредник на публикацијата, Сашо Орданоски, Љубчо Георгиевски, Петар Богојевски, Ѕвездан Георгиевски, Синиша Станковиќ и Војо Маневски. Нивните видео излагања од истоимениот панел, одржан на 15 ноември.

Една од поентите на проф. д-р Катерина Колозова е дека Договорот со Грција овозможува политичко детерминирање на идентитетот. Нејзиниот фокус е насочен кон членот 7 од Договорот кој овозможува да се користи поимот македонски на неограничен начин.

Професорката д-р Мирјана Малеска, пак, низ еден подолг историјат на спорот со Грција околу прашање за името, заклучува дека сега сме во позиција кога е отворен патот кон нормализирање на односите со Грција.

Низ призма на личното доживување на сопствениот идентитет, Дијана Тахири, ЦИВИЛ, говореше за различните идентитети што низ животот ги носи и со кои се соочува секој поединец.

Мерсиха Смаиловиќ, во активистички и позитивен дух, изјави надеж дека можеме да изградиме општество во кое сите ќе бидеме граѓани на Европа.

Од еден сосема поинаков, современ аспект на опсервација на своевидниот дијалог меѓу традиционалните и современите идентитети, политичкиот аналитичар Сашо Орданоски зборува за односот на новите генерации и нивното доживување кон идентитетот. Тој заклучува дека новите генерации ги надминуваат етничките, националните и верските  идентитети, на сметка на креирање нови, современи идентитети.

Еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен претседател на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски зборува за десетгодишното градење на „античкиот“ идентитет и неговото негативно влијание на добрососедските односи на Македонија.

Петар Богојески, еден од иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ и основач на Институтот за одржливо управување Македонија 2.0, зборуваше за економскиот идентитет, кој во принцип треба да го надмине националниот идентитет на државата.

За еден типичен локален идентитет на една заедница, во случајот станува збор за Општина Штип и нејзините граѓани, зборуваше Војо Манески, штипјанец, инаку долгогодишен новинар и уредник.

Новинарот Ѕвездан Георгиевски преку една културолошка паралела зборува за одредниците на припадноста на една индивидуа кон одреден колектив или во случајот идентитет. За Ѕ. Георгиевски, во контекст на спорот со името, културата и традицијата се далеку побитни во однос на нечија припадност означена со името.

Професорката Мирјана Најчевска зборува за Преспанскиот договор како правна рамка за идните односи меѓу Република Македонија и Република Грција, што отвора врата за едно ново видување на идентитетите, особени од аспект на човековите права.

„Сакам да живеам во држава со сите нишани во која нема да си ги пребројуваме крвните зрнца“, е личниот епилог од долгогодишното преиспитување на сопствениот идентитет на новинарот Синиша Станковиќ.

Наскоро ЦИВИЛ ќе ја претстави истоимената публикација пред јавноста во која дел од споменатите авторки и автори ќе објават свои трудови.

Биљана Јордановска

Share7TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ