„Дефиниран е надминат праг на информирање односно сме во состојба на информирање за загадувањето на воздухот кога важат препораките да не се излегува надвор, јавниот превоз да се користи, повеќе граѓани да бидат во едно возило… За надминувањето на прагот на загадување, информирана е јавноста и институциите кои се задолжени за тоа. Ако и утре продолжи загадувањето ќе има праг на алармирање“, изјави денеска заменик министерот за животна средина просторно планирање, Јани Макрадули.
Макрадули рече дека согласно уредбата донесена од страна на Владата, според која, прагот на информирање и алармирање за загадување на воздухот од пет и десет дена беа намалени на два дена минатата година, денеска е надминат прагот на информирање.
„Минатиот пат беше јасно дека за кратко време ќе дува северен ветер, бидејќи таа е композит одлука и зависи од два фактори и од податоците од Хидрометеоролошкиот завод и од мерните станици, затоа не се прогласи“, додаде Макрадули.