Министерот без ресор за координација и имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020, Аксел Ахмедовски, одржа работна средба со Министерот за здравство Венко Филипче на која се дискутираа тековни и планирани активности во насока на Имплементација на националниот акциски план за здравство.
Двајцата министри разговараа за изнаоѓање решение за трансформација во редовен работен однос на ромските здравствени медијатори, како и за потребата од опремување на просторот за вршење гиноколошки услуги во Општината Шуто Оризари.
На крајот на средбата и двајцата министри потенцираа дека само со заедничка соработка и поддршка ке се остварат комлетни резултати за подобрување на состојбата на Ромите во земјата.
Б.Ј.