• Latest

Ајде да ја запалиме водата!

April 7, 2018
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ајде да ја запалиме водата!

April 7, 2018 17:24
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Потполно се сложувам со тврдењето на Катерина Блажевска во нејзината последна колумна, посветена на етничката предимензионираност на случајот за малиот Алмир, и не само со неа, туку со сите други што размислуваат на истиот начин. Во смисла дека придавањето на етнички предзнак е погрешно, и дека делењето правда не би требало да биде селективно во етнички, верски, непотистички и во ниеден друг правец, освен во правец на вистината и фактите. Вистина и предочени факти – пред коишто Катерина Блажевска (и сите други  што размислуваат на истиот начин) за чудо, остана слепа, односно, очигледно има проблем со расудувањето.

Пишува: Дијана Тахири

Вели – (меѓу другото) дека правдата е доделена на улица, односно, дека (цитирам) „За жал, некои постапки драматично ја злоупотребија трагедијата на Алмир, и ја мултиплицираа комплексноста на овој случај, во насока која нема никаква врска со заложбите да се задоволи правдата, туку таа да се стави во други погони. Целиот предмет е изместен од правното тежиште и префрлен на многу опасен терен, со доминантно етнички пристап во анализата на судската одлука и обвинителската квалификацијата за делото.“

Ќе ја прашам јавно Катерина Блажевска (и сите други што се сложија со констатациите во оваа нејзина колумна), дали некој некогаш ќе разбереше како течеше судската постапка за овој случај, ако не беа (на пола рака во број новинарите) и граѓаните што се кренаа во крик предизвикан од неправдата што му се нанесе и постхумно на веќе две години усмртеното дете? Зошто ниеднаш во нејзиното писание не повика на одговорност до Јавниот Обвинител Јовевски, туку бара реакција од адвокатската комора заради изјавата на адвокатот на семејството Алиу? Дали се заборава дека верска нетрпеливост се потпалува на секое второ предвестие на еден од најголемите христијански празници – Велигден, и тоа по некое правило, на Велики Четврток? Смилковско, па потоа во Велигден време – Диво Насеље, за Велигден време полни улици оклопни возила и специјални единици и веднаш по Велигден упад во Собрание,  и пред два дена, конечната пресуда за случајот на Алмир, на Велики Четврток? Дали тоа нехристијаните, или ако повеќе милувате, Албанците (муслимани) потпалуваат верска нетрпеливост? Или некој упорно (но неуспешно) создава можности и простор за такво нешто?

Дали повикот на протести беше еднојазичен, односно моноетнички? Или немањето доволен етнички мотив од нечија друга страна за барање правда упорно се наметнува како имање претеран етнички мотив од нечија друга страна?  Дали кога се протестираше за неправда против Мартин Нешковски, тоа беа граѓански протести, независно од етничката припадност на учесниците во протести, но коа станува збор за поинакво име и етничко потекло, тоа се по автоматизам етнички обоени протести, независно од етничката припадност на протестантите?

Дали Катерина Блажевска (и сите што размислуваат на ист начин како неа) навистина се толку загрижени за етничката и верска нетрпеливост во нашето општество, па од таа загриженост долеваат масло за потпалување, во форма на глупави колумни и изјави, наместо да се придружат во барање правдина, којашто нема да застане тука? Правдина за сите прегазени и од системот заборавени – Фросини, мали дечиња, нечии деца, сестри, браќа, пријатели, роднини, граѓани на оваа таканаречена држава.

Во право си, Катерина Блажевска ( и сите што размслуваат на сличен начин како тебе), заложбата да се задоволи правдата не треба да се става на друг терен, освен во правните погони. Кога ќе проработат, на начин којшто никого нема да сегрегира етнички, верски, роднински, или на друг начин. До тогаш, преостанува на сите нас (вклучително и Блажевска и сите други што размислуваат на начин како неа), да посочуваме на неправдата што ја доделува државниот орган за правда.

П. С. На протести на никого не му пишува име на челото. Но на секому, којшто препознава неправда, му се гледа во очите.

Tags: етничка обоеностправдасистем
Share66TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ