„Барањето на менаџментот на ‘Југохром’ повторно да се отвори фабриката и да работи без филтри е незаконско, неприфатливо и опасно. Во периодот кога не работи ‘Југохром’, во 2016-та и претходно во 2009-та година, загадувањето во Тетово е помало за 40 до 50 %. За првпат во 2016, Тетово е шести или седми најзагаден град во Македонија, а претходно, неколку пати бевме најзагадениот град во светот! Затоа, мора да се постават филтри“, изјави во разговор за ЦИВИЛ Медиа, претседателот на НВО „Еко герила“, Аријанит Џафери,
Во однос на вчерашната средба на Синдикатот и менаџментот на „Југохром“ со претседателот на Владата, Емил Димитриев и заменикот Владимир Пешевски, Џафери вели:
„Премиерот вчера рече дека неколку интереси треба да се земат предвид. Најважниот интерес е здравјето на граѓаните, на нашите деца! Малигните болести се покачија многу во последните години, тоа треба да се земе предвид. Паралелно, ние и претходно сме барале да им се помогне на вработените. Баравме Владата да им дава финансиска помош, а сме барале и да се модернизираат ваквите капацитети, како што е ‘Југохром’, ‘Осломеј’, РЕК…, а ништо не се направи“.
М. Теговска