Во време на предизборната кампања за локалните избори, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, во неколку наврати потенцирала дека поради чистењето на тетовските депонии не стигнале да посветат внимание на чистење на реката Пена.
Имено, како што јавуваат од Здружението „Еко Герила“, коритото на Пена се користи како погодно место за фрлање на градежен шут, опрема од домаќинствата, фекалии од септичките јами, а како место за складирање го користи и јавното комуналното претпријатие.
„Нечистотиите во реката Пена се голем проблем за тетовчаните. Често пати може да се види како отпадот плови над водата, и со тоа ја загадува реката. Веруваме дека ваквите појави треба да се казнат од надлежните и со тоа да не се повтори истото“, изјави Арианит Џафери за ЦИВИЛ Медиа.
На нивната фејсбук страница, Еко Герила објавија видео, на кое се гледа како комуналното претпријатие фрла отпад во реката Пена, со коментар: „не само што не се чисти реката но истата се загадува уште повеќе и тоа од вработените на ЈП комунална хигиена“.
В.М.