• Latest

Џафери – Жбогар: ЕУ е подготвена да работи со новиот претседател!

May 3, 2017
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери – Жбогар: ЕУ е подготвена да работи со новиот претседател!

May 3, 2017 11:14
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новоизбраниот претседател на Собранието, Талат Џафери, утрово ги доби клучевите од неговиот кабинет, каде што го започна првиот работен ден. Џафери ги доби и печатите на Собранието, а на вратата на кабинетот е избришано името на неговиот претходник Трајко Вељановски.

Првата официјална средба на Џафери беше со амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар. Тој по денешната средба на својот Твитер профил напиша: „ЕУ е подготвена да работи со новиот претседател Џафери за потребните реформи за европска интеграција на земјата“.

Денеска се очекува одлуката за прогласување на претседател на Собранието да се објави во „Службен весник“, по што Џафери треба да испрати писмо до претседателот на државата Ѓорге Иванов, за да го информира за новото собраниско мнозинство и за мандатарот на новата влада, Зоран Заев.

Џафери денеска добил честитки и од генералниот секретар на Собранието, Жарко Денковски.

Претходно, во текот на вчерашниот ден, Џафери не успеа да влезе во својот кабинет затоа што просторијата беше зафатена од Вељановски и пратениците од коалицијата на ВМРО–ДПМНЕ.

Утрово започна и проценката на штетите во Собранието направени во четвртокот на 27 април, кога на демонстранти од „За заедничка Македонија“ им беше дозволено да упаднат во собраниската зградата.

Tags: ЕУСамуел ЖбогарСобраниеТалат Џафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ