• Latest
Али Ахмети, Скендер Реџепи - Зејд, Европски фронт

Ахмети во коалиција со Реџепи за „Европски фронт“, поканети и партиите од сите етнички заедници

March 19, 2024

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Ахмети во коалиција со Реџепи за „Европски фронт“, поканети и партиите од сите етнички заедници

March 19, 2024 15:31
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Али Ахмети, Скендер Реџепи - Зејд, Европски фронт

Али Ахмети, Скендер Реџепи - Зејд, Европски фронт

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на демократската унија за интеграција, Али Ахмети, и претседателот на Движењето на народот Скендер Реџепи – Зејд денеска потпишаа договор за коалиција за претстојните претседателски и парламентарни избори. Ахмети порача дека ова обединување е повеќе од потребно да се поддржи поради тоа што, како што рече, политичките партии немаат капацитет да се соочуваат со сите настани што се случуваат во земјава, но и околу светот.

-Ова обединување на Албанците во земјава е бидејќи нештата во глобалната политика чекорат лошо. Немаме ништо против политичките партии, нека си живеат, но немаат капацитет да се соочуваат со сите овие настани што се случуваат околу нас и подалеку од нас во Европа и Блискиот Исток. И затоа оваа држава, ова обединување е повеќе од потребно за да се поддржи. Не само албанската заедница, туку и турската заедница, бошњачката заедница, ромската заедница затоа што овој фронт навистина ќе им излезе во пресрет со сите капацитети, порача Ахмети.

Тој исто така повика на зајакнување на позициите на Албанците за време на престојните избори и да не паѓаат под заседа на малите партии.

-Албанското тло е распарчено, затоа од денеска па натаму сме едно тело и еден народ. Да ги реализираме соништата наши, пред се, да ги зајакнеме нашите позиции да не паѓаме во заседа на малите партии, туку да ја гледаме нашата историска мисија, на 24 април да го поддржиме нашиот кандидат за претседател Бујар Османи и како едно тело да продолжиме на 8 мај да се запечати тоа – да победи Европскиот фронт, изјави Ахмети.

Повторувајќи ги своите проевропски изјави, додаде дека Русија не е залак кој треба да се запостави и дека таа и сега веќе е присутна во земјава.

-Не случајно ние сме се договориле и со Скендер Реџепи. Да за Европа, Не за Русија! Русија не е залак кој треба да се запостави, бидејќи е веќе во нашата земја, основала партија во нашата земја, има медиуми во нашата земја, основала милитанти во нашата земја кои сакаат да ни го попречат патот за кој сме силно определени дека ние сакаме мирен Балкан, чист Балкан, Балкан кој ќе се зачлени како што сме во НАТО да се зачлени и во ЕУ. И затоа, ве повикувам како брат на брат за целосна мобилизација на 24 април, како референдум дали ќе чекориме напред или ќе застанеме каде што сме. На 8 мај се одлучува исто така повторување – дали ќе чекориме напред или ќе чекориме во место, нагласи Ахмети.

Додека според Реџепи, кој во неговата политичка кариера претходно често пати бил критички настроен кон ДУИ, овој фронт ќе биде носител кон промени и кон подобрување на животниот стандард.

Скендер Реџепи – Зејд, Али Ахмети

-Овој Европски фронт е почеток, една иницијатива која ќе биде добра и ќе докаже дека ние нашите цели ги имаме во работа и со долгорочни дела, изјави Реџепи, кој додаде дека неговата партија ќе биде најголемото нешто во политичката иднина.

Од друга страна, во одговор на новинарско прашање, Ахмети истакна дека продолжуваат да преговораат со сите партии кои не се дел од албанската опозиција за постигнување коалициски договор за приклучување на Европскиот фронт.

Зборуваме со сите и со Алијанса и со Тачи и со Аријанит Хоџа и со Турската партија, со Бошњачката партија, со Ромската партија за да се приклучат на овој фронт, рече Ахмети.

Харис Сулејман

Tags: Али Ахметиевропски фронтКоалицијаСкендер Реџепи - Зејд
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ