• Latest

Ахмети обвинува за тајни договори по одлуката за прегласување; Касами: Не сме заинтересирани за никаква криза

May 20, 2024
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ахмети обвинува за тајни договори по одлуката за прегласување; Касами: Не сме заинтересирани за никаква криза

May 20, 2024 13:38
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Oткако Управниот суд ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на ДИК, веќе е извесно дека ќе има прегласување на седум избирачки места, односно во петтата и шестата изборна единица.

Поради ваквата одлука на Управниот суд и на ДИК,  ДУИ како водечка партија на коалицијата „Европски фронт“ обвини дека се прави изборен инженеринг со цел на партијата да и се одземат две освоени пратенички места.

Од коалицијата ВЛЕН ја поздравија одлуката на Управниот суд, велејќи дека оваа одлука е на иста линија со изразената волја на граѓаните на 8 мај. Бидејќи трката за уште еден пратеник за ВЛЕН ќе се одржи на избирачкото место 2101 во Желино, ги повикаа граѓаните да излезат и да гласаат што помасовно.

„Ја поздравуваме одлуката на Управниот суд која е во согласност со волјата што ја изразија граѓаните на 8 мај. Оваа одлука уште еднаш докажува дека доаѓа надежта за граѓаните во земјава, а манипулациите и криминалот на оваа хибридна власт паѓаат“, истакнаа од ВЛЕН.

Ахмети обвинува за тајни договори во „црвени подруми“ и задни намери за „братоубиство“ 

Таен договор Европскиот фронт да не биде втора сила во земјата направен во „црвените подруми“, кој може да влијае врз меѓутеничките односи рече лидерот на ДУИ и Европски фронт Али Ахмети во неодамншениот состанок на партијата по одлуката што ја донесе ДИК и ја потврди Управниот суд за прегласување на седумте избирачки места.

Првиот човек на оваа партија Ахмети рече дека тоа се прави за да се вовлечат Албанците во братоубиства.

„Ова повторување е направено со уште поопасна позадина за да нè воведе нас Албанците во братоубиство. Како што направија во едно избирачко место во општина Желино“, рече Ахмети.

Според Ахмети, овие планови во „црвени подруми’ ги креираат ВМРО и СДСМ, велејќи дека ги знае сите детали и наскоро ќе ги демаскира.

Касами: Овие се сериозни и ризички изјави

На овие изјави реагираше Билал Касами, еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН. Тој рече дека тие се многу сериозни и опасни изјави, нагласувајќи дека Али Ахмети знаел да дава вакви изјави и во минатото.

„И во минатото, поточно во 2008 година, меѓу Али и Мендух, кои денес се заедно, беше договорено да има братоубиство. Ние како коалиција ВЛЕН покажавме како и во минатото, така и сега покажуваме дека не сме заинтересирани за никаква криза и конфликт, а камоли некоја посериозна ситуација. Ќе побараме граѓаните во среда да излезат на најдемократски начин да ја дадат својата пресуда и својата волја и да покажат од кого сакаат да претставуваат во Собранието“, рече Касами, наведувајќи дека тоа е одлука на граѓаните и дека нема пришина зошто би имало братоубиство таму каде што треба да има слободни, фер и демократски избори.

Прегласувањето на 22 мај (среда) ќе се случува на избирачките места во Долнен, Крушево, Струга, Охрид и Желино. Кампањата за прегласување ќе трае до крајот на денешниот ден, а на полноќ почнува предизборниот молк.

Назми Абдурахмани

 

Tags: „избори“ВЛЕНевропски фронт
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ