Лидерот на ДУИ Али Ахмети, по лидерската средба изјави дека е задоволен од консензусот околу евроатлантските аспирации на земјата.
За изборите изјави дека е договорено да се ратификува членството во НАТО, па потоа да се одржат изборите.
„Заеднички одлучивме да одржиме предвремени избори на 12 април следната година. Битно е изборите да се демократски, согласно сите стандадри и да победи најдобриот“, вели Ахмети.
За пописот изјави дека темата е отворена и останува да видиме како ќе се изменаџира. Тој додаде дека значајно е да се почитува датумот за изборите и подоцна да се види кога технички може да се спроведе пописот.
М. И./ А. З