• Latest
Добро утро со Орданоски

Ајде, правосудни реформи, мрднете!

May 10, 2019
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Ајде, правосудни реформи, мрднете!

May 10, 2019 07:43
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]П[/dropcap]огледајте ја нашата секојдневна реалност, по случаен избор од (некое) вчерашно издание: ДКСК покренува низа случаи за сомневања за корупција и криминали во кои се можеби вмешани актуелни политички, судски и други функционери; сè уште без договор помеѓу власта и опозицијата за Законот за обвинителството; меѓународната потерница за Груевски не се појавува на сајтот на Интерпол; роднини и пријатели на осудените терористи од „Диво насеље“ протестираат пред судот со карта на „Голема Албанија“; нови судски рочишта за 3-4 тековни случаи на СЈО; голема вечерна полициска акција со бројни приведувања во неколку скопски населби; главни вчерашни ѕвезди на ТВ се обвинителката Рускоска и полицискиот министер Спасовски…

Животот ни се сведе на судско-полициски билтен. Македонското општество се подели: третина полнолетни граѓани се членови на националниот судечки совет, втората третина се претвори во гигантска порота, а последната третина е онаа на која ѝ се суди. Две дузини адвокати шетаат наоколу и договараат разни ујдурми.

На памет ги знаеме имињата на третина обвинители и половина судии во државава, а на социјалните мрежи и мачките што се проѕеваат едвај привлекуваат поголемо внимание од вестите за некоја пресуда или апсење. Телевизиските дневници, кои ги следиме како вкочанети зајаци на автопат фатени во снопот на автомобилските фарови, ни личат на записници од сообраќајки со разни трагични последици, по кои има време само за две вести од спортот и за скратено издание на временската прогноза.

Ако ова, буквално, не е „јуридизација на политиката“, тогаш не знам што е?! Дури, од толку право, 90% од функционерите во државата се плашат да потпишат и набавки на тоалет-хартија, за да не прекршат некој член во правилникот за одење по голема нужда.

Грда е нашата општествена и политичка реалност. Баравме правда, за да има мир; добивме „црна хроника“ во илјада продолженија, а се нема чувство дека правдата (ќе) се испорачува така како што се надевавме: ефикасно и без протекции. Пред и по падот на режимот на Груевски се изградија „револуционерни“ очекувања за тоа како треба да се одвива спроведувањето на правдата во општеството, а забораваме дека нашата демократска промена на власта се случи „со пенкало“ и нејзиното натамошно „менување“ е предмет на долги и мачни преговори, гласања и прегласувања, а не на преврат во една ноќ во која „сметките“ се средуваат кога е најтемно, пред изгревањето на сонцето.

Спасот од сето ова е… Нема спас, барем не за оваа генерација. Така ќе продолжи нашето „оправање“ на 100 рати, додека не направиме систем кој самиот ќе се грижи за сопствена легална регенерација што ќе испорачува правда секојдневно и во „нормални“ количества, без да може да дојде до состојби на толкаво натрупување на „неправди“, што за нивното расчистување да бидат неопходни „револуционерни“ методи, пред на сите да ни „прекипи“.

Тоа е смислата на реформите на правосудниот систем. Тој е во основата и на стабилизацијата на политичкиот систем. Затоа е неопходно сега, откако добиваме малку простор за политика без притисок од избори, да се постават тие пусти реформи, за да почнеме со „нормализација“ на нашево секојдневие, барем за во некој среден рок животот да ни заличи на здодевна појава за арчење време.

Треба овој „зајак“ конечно да го мрднеме, пред да биде прегазен од фаровите што надоаѓаат. За да не мора потоа сè одново и од почеток да правиме.

 

[divide]

Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

 

 

 

Share400TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ