ЗОРАН ИВАНОВ
Ова со пензииве со 2.500 денари е чисто мафтосување, страшно, ако во владата се толку фраери ајде друг модел, ајде државен солидарен фонд за социјалците и за луѓето со мали пензии, ајде вие од клубот 78% по 20%, и ни другите надолу процентуално па се до пред најниските приходи до 0.5% од плати, хонорари, пензии се до минималците, нив оставетеги, ајде референдум на солидарност, ајде да им помогнеме на најзагрозените наши сограѓани зашто ова со 2.500 е кражба и лицемерие, ајде референдум за таков закон, македонските граѓани се хумани и солидарни, ќе успее, а ова со пензииве со 2.500 денари е чиста превара, робин худ работа, веќе виден популизам, затоа, кажано во една реченица, ајде смело, ајде мушки како што се вели по скопски, ајде предлог закон, ајде референдум за него, ајде траен државен фонд за подостоен живот на позагрозените, баталете ова преварава со 2.500 денари.