ЦИВИЛ – Центар за слобода испрати инструкции до сите набљудувачи на теренот да ги истражат обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за поткуп на гласачи, документ од четири страници со која водат дипломатска кампања. ЦИВИЛ претходно го објави документот во целост, со сите правописни грешки и политичката некоректност.
Во прилог, целосно го објавуваме демантот на Аки Акиов, независен советник во Советот на општина Кочани, обвинет дека ќе биде десна рака на Пеце Георгиев, главен инспектор во ПС Кочани, за кој ВМРО смета дека е главен за поткуп на ромското население во Кочани.
„Јас, Аки Акиов, независен советник во досегашниот состав на Советот на општина Кочани, ги демантирам и во целост ги отфрлам обвинувањата искажани во врска со мене објавени во Вашиот медиум на 05.10.12017 г. во написот под наслов „Дипломатската офанзива на Груевски и соработниците“, во кој се инсинуира дека ќе учествувам во планот за вршење на поткуп на населението од Ромска националност во Кочани.
Ова го сметам за навреда и повреда на мојот личен интегритет и обид за намалување на авторитетот кој го имам во Ромската заедница во Кочани.
Се надевам дека овој мој демант ќе биде објавен во Вашиот медиум и ќе допринесе да се расветли целиот случај и да се чуе вистината и од другата страна“, стои во дописот на Акиов испратен до ЦИВИЛ.