• Latest
Добро утро со Орданоски

Ако не нè отепа, вирусот ќе нè направи посилни!

February 26, 2020
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Ако не нè отепа, вирусот ќе нè направи посилни!

Логично, следното ќе биде да се откажат сите предизборни политички собири, митинзи, протести, маршеви... Каква непланирана, вонредна убавина! Во комбинација со најавената закана за прекинување на преносот на сите домашни телевизии на кабловските оператори, Македонија наеднаш станува многу попристојно место за живеење! Е, тоа се вика грижа за здравјето на нацијата.

February 26, 2020 07:22
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Со брзината со која се движи низ Европа – за една недела веќе се констатирани случаи во десетина земји, покрај вирусната „експлозија“ во Италија – веројатно не е веќе прашање дали корона вирусот ќе пристигне и во Македонија, туку кога. За сега, малку нè служи и среќа, бидејќи добивме десетина дена подобро да се подготвиме да го „пречекаме“ вирусот, во споредба тоа да ни се случеше пред недела-две.

Сите домашни и меѓународни експерти проценуваат дека вирусот релативно брзо се шири, пред сè поради тоа што е отпорен на подолго надворешно „преживување“ и предоцна се детектира кај заразените носители, но дека не е дојден „крајот на светот“ дури и да се појават случаи на заболени. Смртноста е релативно мала, главно ограничена на постари луѓе со претходни здравствени хронични проблеми. Место за голема паника нема, граѓаните се молат да не шират хистерии и лажни вести.

Граѓаните се молат и нешто друго: да мијат раце, редовно да се тушираат, да кашлаат и да киваат во марамчиња, ако не се чувствуваат добро да одат на доктор (реален доктор, не на д-р Интернет) и да земат болување; и да не одат, наместо по работа, во кино или по кафулиња и кафеани; да пијат лимонади и Ц-витамини, да се грижат тоа да го прават и нивните деца и, воопшто, малку повеќе да мислат на другите, а не само на себе, макар заради оваа ургентна вирусна медицинска причина!

Ах, да – и да не шират хистерии и лажни вести.

Логично, следното ќе биде да се откажат сите предизборни политички собири, митинзи, протести, маршеви… Каква непланирана, вонредна убавина! Во комбинација со најавената закана за прекинување на преносот на сите домашни телевизии на кабловските оператори, Македонија наеднаш станува многу попристојно место за живеење!

Е, тоа се вика грижа за здравјето на нацијата.

Па, погледајте го и самиот овој текст: наместо уредно да се занимавам со вчерашниот млакичок марш на опозицијата пред правосудните органи во државата, на кој ВМРО констатира дека под „деспотијата на Заев“ нема шанса за правда, па затоа, за да има правна држава, замислете, себе се препорачуваат да се вратат на власт и реформски да го реконструираат правниот систем – јас предам и распредувам за корона вирусот!

Во наредните десетина ќе се види и дали Светската здравствена организација ќе прогласи глобална пандемија, бидејќи до тогаш се претпоставува дека вирусот можеби ќе биде проширен на сите светски континенти, во барем половината постоечки држави во светот. На пример, веќе се размислува и за откажување или одлагање на Олимписките игри во Токио, кои треба да се одржат за пет месеци од сега, а бројот на глобалните патувања – во вакво, песимистичко сценарио – ќе падне на неопходни и ризични дестинации.

Економските и другите глобални штети би биле непроценливи. Сите „јајца“ во светот, како што гледаме, ќе се најдат во една кошница.

Сепак, молам без паника, ќе се преживее и оваа непријатност, како за сите, така и за нас. Впрочем, кај нас никогаш, ништо не успева како што треба, па нема ни на вирусов да му успее сосема да нè извади од баналноста на нашето секојдневие.

Но, тоа не значи дека не треба да се размислува што ќе се прави со изборите, бидејќи таа масовна демократска операција може да се „поклопи“ таман со климаксот на потребата од поширок медицински карантин во земјава… Би било трагично ако за тоа се поведе стандардната партиска „тепачка“, со меѓусебни подметнувања и обвинувања кои само ќе ја влошат менталната состојба на нацијата во време кога ќе имаме поважни, здравствени предизвици за размислување.

Сигурен сум дека претседателот Пендаровски грижливо го следи развојот на настаните. Тој е вистинската адреса, во услови на формално распуштено Собрание и техничка извршна власт, за навремена реакција за овие деликатни прашања.

Ах, да – и да не се шират хистерии и лажни вести. Тоа зависи од сите нас.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ