• Latest
Добро утро со Орданоски

Ако опстанеме, ќе може мирно да пропаднеме!

May 15, 2018

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Ако опстанеме, ќе може мирно да пропаднеме!

May 15, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]А[/dropcap]ко се суди според нервозата што ја зафати медиумската и партиската национална душебрижничка сцена во земјава во последните три-четири дена, изгледа дека навистина се приближуваме кон некакво, макар и одложено, фазно решение во спорот за името со Грците. Изгледа дека „Станлио и Олио“ (Димитров и Коѕијас), после дузина напорни и напнати преговори за тоа дали сијаличката е угасена кога вратата од фрижидерот е затворена, сложиле некои варијанти кои ќе треба нивните шефови, „браќата Далтон“ Заев и Ципрас, уште малку да ги „сечат“, „лепат“ и „монтираат“, пред да бидат подготвени за поширока национална презентација.

Во Македонија, на ваквиот развој на настаните како најизненадени се најдоа овие од новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Тие од доаѓањето на Заев на власт, по прашањето на преговорите, се однесуваат како свекрва кон снаа која постојано, со презир и зајадливост вели „џабе ја мешаш чорбата, од тоа манџа не бидува“; за откако за викендов сфатија дека повторно, како и во изминатите стотина години, ризикуваат да се најдат на маргините, а можеби и преку пат, на уште една историска одлука што ќе ја одреди долгорочната иднина на Македонија, наврапито, газ преку глава, бараат итно да се сопре вртењето на Земјата за и тие, макар со трчање и во последниот вагон, да можат да се качат на возот кој води кон посветла, евро-атлантска Македонија!

Има едни други, пак, кои Заев го третираат како храбра и итра провинциска будалетинка кому, успорено, мора да му се диктираат и интерпретираат македонските национални интереси, оти се плашат дека тој, не од предавнички мотиви, туку од наивност и недокваканост ќе ја „продаде“ македонската кауза, за чии долгогодишни чувари и врвни толкувачи се сметаат тие, самите. Да не биде, после, дека ОНИ, кои комуницираат директно со идната историја, на време не предупредиле дека Господ ја создал Земјата за целото човештво, Антарктикот за пингвините, а Македонија за Македонците, и дека нема тука Заев што Устав да менува! Молам!

Нивниот директен опозит вели дека сега е вистинско, богомдано време да се ослободиме од проклетството што го следи зборот и поимот Македонија (од што полошо звучи само Палестина!), за неоптоварени од таа библиска будалаштина да тргнеме во новото време на многузначни идентитети каде резистентноста на антибиотици, а не националната патетика, ќе решава за тоа кој ќе преживее, а кој ќе остане Македонец. Впрочем – велат овие – Македонецот ви е како домат кој не знае дали е зеленчук или овошје, па што е важно дали е од Горна или Северна Македонија и што му пишува во земјоделската декларација?!

А има и едни четврти-петти, отприлика нешто над милион и половина во државава, на кои целата оваа долга „турска серија“ со преговорите за името им е веќе одамна здодеана, па им е сеедно каде ќе се наоѓа и која ќе биде придавката, а и тегавењата за облигатио ерга омнес веќе им се преку јус когенс, бидејќи ги доживуваат максимус контра омнес! (Без грижа, и да не разбирате што велат овие легалистички фрази, ништо битно не сте пропуштиле, бидејќи добро звучат, а ништо важно не значат.)

Вака, отприлика, може да се опише драмата на моментов во преговорите со името, бидејќи сите се преплашени дека, ако се најде решение за тоа, ќе престане смислата на нивното постоење. Со што ли ќе се занимава Македонија ако го реши проблемот на својот опстанок?

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГрцијаДимитровЗаевиметоКоѕиасМакедонијаМицковски
Share273Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ