„Ние сме лудаци!“ – гласеше една од пораките на денешниот протест на Шарената револуција. Активистките и активистите на ЦИВИЛ делеа чоколади меѓу демонстрантите, иронично парафразирајќи го сега веќе екс-министерот за финансии Зоран Ставрески: „Немаме за леб, а трошиме на чоколади!“
Неколку илјади демонстранти вечерва протестираа против говорот на омразата, одбројувајќи ги деновите до ултиматумот на Шарената револуција кој истекува на 18 јуни.