Проф. Мирјана Најчевска објави колумна под наслов „Доле режимот – да живее режимот“ во која со јавноста го споделува своето горчливо искуство од прогонот што сѐ уште е насочен кон активист(к)ите за човекови права и слободи. Имено, како што пишува проф. Најчевска, Министерството за внатрешни работи (Сектор за прекршоци) ја повикува да се појави во својство на сторител, заради сторен прекршок: оштетување на јавна зграда.
Неодамна и Џабир Дерала ја објави колумната „Гоца Шлем и Фамилија сѐ уште судски прогонуваат мирни демонстранти“ во која сподели информации со јавноста за судскиот прогон на учесниците во протестите во 2015 година, инаку, дел од нив и членови на ЦИВИЛ.
Истовремено, ЦИВИЛ објави и видео обраќање во кое беше искажана остра осуда за продолжената пракса на судски и полициски прогон против активист(к)ите за човекови права во времето на режимот на Груевски.
Денеска, организацијата објави и соопштение во кое бара итно стопирање на овој прогон и извинување од институциите за ова продолжено малтретирање на активист(к)ите за човекови права.
М. Л.
фотографија во прилог на текстот: Џабир Дерала
Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста