• Latest

Алаѓозовски: На хибридните закани ќе одговориме со сите механизми што ги имаме

May 27, 2021
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ

Алаѓозовски: На хибридните закани ќе одговориме со сите механизми што ги имаме

May 27, 2021 11:13
in ВЕСТИ, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Хибридните војни, заканата врз демократијата е глобален феномен. Ние не смееме по никоја цена да го оставиме тоа поле неодбрането, ние мора да одговориме на таа закана со сите механизми кои ни се на располагање“, истакна националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски, на јавниот настан на ЦИВИЛ, одржан на 26 мај 2021, на тема „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“, на прашањето – Како можат хибридните закани против демократијата да го разнишаат општеството, особено ако имаме општество кое се труди да ја промовира еднаквоста, недискриминацијата, мултикултурализмот?

„Заканата е глобална. Јас членувам како кординатор за „Едно општество“ на експертско тело при Советот на Европа, таму зборувавме на ова прашање со сите земји членки на СЕ и сите набљудувачки мисии кои се при оваа организација. Хибридните војни, заканата врз демократијата е глобален феномен. Ние не смееме по никоја цена да го оставиме тоа поле неодбрането, ние мора да одговориме на таа закана со сите механизми кои ни се на располагање. Дел од Стратегијата е формирањето на мрежата против говор на омраза при Советот за етика на медиумите (СЕЕМ) во рамки на здружението на медиуми и медиумските работници кај нас и сега треба таа мрежа што повеќе да јакне и има поддршка од нас.

Сега треба „топката“ да ја вратиме и кај самите медиуми и борбата да биде активистичка и саморегулативна, а не само казнена политика што ќе пропишеме. Редакциите треба да формираат интеркултурни работилници за своите вработени да ги обучат да препознаваат говор на омраза.

Констатирано е дека има мал број на судски пресуди на кривични дела направени од говор на омраза. Говорот на омраза е дел од нашиот кривичен законик, и го охрабруваме судството да донесе пресуди кои ќе ги санкционираат овој вид кривични дела.

Борбата мора да постои на повеќе нивоа, но многу е битна и партиципативната улога и учеството на граѓанското општество“, потенцира Алаѓозовски.

Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Игор Чадиновски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ