Албанија и Кина одлучија за меѓусебно укинување на визите за граѓаните на двете земји, пренесува Еуроњуз .
Одлуката начелно ја одобри Советот на министри, како предлог на МНР на Албанија.
По оваа одлука, граѓаните на Албанија и Кина ќе можат слободно да се движат во секое време од годината, без потреба од виза.
Иако Албанија се држеше настрана од кинеските инвестиции, политичките односи меѓу двете земји одржаа позитивен напредок.
Н. А.