• Latest

Албански медиуми: Курти е за одвоен процес на интеграција, ЕУ бара нормализација на односите со Србија; Бериша останува во домашен притвор

January 25, 2024

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Курти е за одвоен процес на интеграција, ЕУ бара нормализација на односите со Србија; Бериша останува во домашен притвор

January 25, 2024 10:43
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано се огласи по барањето на косовскиот премиер Албин Курти, кој смета дека процесот на интеграција на Косово во ЕУ, посочувајќи дека интеграцискиот процес е директно поврзан со нормализацијата на дијалогот со Србија.

Специјалниот апелациски суд ја потврди одлуката на Специјалниот, за домашниот притвор на поранешниот премиер на Албанија, Сали Бериша. Неговиот адвокат најави дека ќе поднесе жалба до врховниот суд, пренесуваат албанските медиуми.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Досја: Курти побара интегративен процес одвоен од дијалогот,  ЕУ – Европскиот пат на Косово зависи од нормализацијата на односите со Србија

Косовскиот премиер Албин Курти претходно побара процесот на интеграција на Косово кон Европската унија да се одвои од процесот на нормализација на односите со Србија. По барањето на Курти, реагираше и портпаролот на Европската унија, Петер Стано, кој најави дека интеграцискиот процес на Косово е директно поврзан со процесот на дијалог, пренесе Досја.

Зери: Продолжува судскиот процес против поранешните водачи на ОВК

Во Специјализираните комори на Косово (ДХСК) во Хаг денеска се очекува да продолжи судскиот процес против поранешните лидери на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи.

Во средата сведочењето го продолжи 41-от сведок на Специјализираното обвинителство. Таа го започна своето сведочење на 17 јануари 2024 година.

Судскиот процес против поранешните водачи на ОВК започна на 3 април минатата година, додека обвинетите беа прогласени за невини, пренесува Зери.

Коха: Претседателот на Северна Македонија денеска е во посета на Косово

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска ќе го посети Косово.Се очекува тој да се сретне со претседателот Вјоса Османи. Средбата ќе започне во 11:00 часот.

Не е најавено дека по средбата ќе има изјава за медиумите.

Пендаровски ќе се сретне и со премиерот Албин Курти. Според известувањето од владата, средбата со Курти се очекува да започне во 12 часот. Ниту од владата нема известување за изјава за медиумите, пренесе Коха.

АЛБАНИЈА

Топ Чанел: Специјалниот апелациски суд ја потврди одлуката за домашен притвор на Бериша

Поранешниот премиер Сали Бериша останува во домашен притвор, откако Специјалниот Апелационен суд ја потврди одлуката на Специјалниот суд за корупција и организиран криминал.

На седницата која започна во 09:00 часот и траеше неколку минути, судијката Илирјана Олдаши ја соопшти одлуката, а самиот Бериша не беше присутен.

Адвокатот Генц Ѓокутај одлуката ја оцени како политичка. „Единствена цел е Бериша да биде изолиран“, рече тој, притоа најавувајќи го следниот чекор, да поднесе жалба до Врховниот суд, пренесе Топ Чанел.

Сури-  Европски центар: Албанија, на линијата на шверц на хероин од Авганистан преку Европа

Албанија е дел од балканската мапа со која се продава хероин од Авганистан, преку Иран и Пакистан, се вели во неодамнешниот извештај на Европскиот мониторинг центар за употреба на дрога (EMCDDA).

Во шемата објавена во извештајот, за земји кои не се членки на ЕУ, идентификувани како „потекло“ или „транзит“ на хероинот запленет во Европската унија за периодот 2018-2021 година. Албанија, Турција и Обединетото Кралство се единствените европски земји кои се вклучени во оваа шема, пренесе Сури.

КОЛУМНА

EO: Пропаднато општество со согласност и придонес на мнозинството

„Нашето општество, колку што е општество, е неуспешно, како резултат на согласноста на мнозинството да биде така. Значи, неуспехот е логичен резултат на тоа како се однесуваме во него, а не како го декларираме.

Дури и што се однесува до декларацијата, таа е сосема спротивно од реалноста, бидејќи секој член на ова општество, со право на збор, малкумина на Интернет, свечено се заколнува дека ќе работи посветено и со љубов кон ова општество, за ова земја и за интеграција неговиот евроатлантски, дури и за еднаквост и правда.“, пишува авторот Милазим Красниќи во колумната „ Пропаднато општество со согласност и придонес на мнозинството“, објавена во Економиа Онлајн.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ