• Latest

Албански медиуми: Објавен предлог статутот за Заедницата; рударите на Трепча казнети по дневници; Србија не ги бара своите граѓани уапсени во Косово; екстремната десница во Албанија во подем

November 1, 2023
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Објавен предлог статутот за Заедницата; рударите на Трепча казнети по дневници; Србија не ги бара своите граѓани уапсени во Косово; екстремната десница во Албанија во подем

November 1, 2023 10:57
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Нацртот предложен  за Заедниците со општинско мнозинско српско население што од Европската унија, им беше претставен на Косово и Србија при посетата на 21 октомври, е објавен на дебатна емисија во една од косовските телевиии. вршителот на должноста  раководител на „Трепча“, Енис Абдурахмани донесе одлука за стопирање на исплатата за редовните дневници и за сите рудари кои штрајкуваа. Денеска се навршуваат девет дена од почетокот на штрајкот на рударите кои . бараат навремена реализација на месечната плата додека бараат и обезбедување услови за работа.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Телеграфи: Објавен предлог-статутот за Заедницата, кој на 21 октомври им беше доставен на Курти и Вучиќ

Нацрт-статутот за формирање на Заедницата на општини со мнозинско српско население, предложен од Европската унија на 21 октомври, обезбедува рамковна самоуправа со значителна автономија за заедницата на косовските Срби.

Главните цели во нацрт-статутот се соопштуваат дека се: „Имплементацијата на основниот договор од 2013 година ратификуван од Косово и договорот од 2015 година, обезбедува рамка за самоуправа со значителна автономија за заедницата на косовските Срби, двојна заштита“.

Овој предлог-статут има содржина од 11 страници и писмено ги содржи начелата, целите и овластувањата на основањето на Здружението.

Врз основа на овој предлог-статут, Заедницата ќе има свое собрание, претседател, потпретседател, управен одбор, советодавен совет и канцеларија за жалби. Додека пак, во заклучоците од нацрт-статутот се нагласува дека „нацрт-статутот не преминува ниту една од црвените линии на Косово“.

Нацртот предложен од Европската унија, им беше претставен на Косово и Србија при посетата на 21 октомври на овие две земји на претставниците на ЕУ, САД, Франција, Германија и Италија, пренесе Телеграфи.

Газета Експрес: Раководството на „Трепча“ ги казнува рударите кои штрајкуваат, им ги стопира дневниците и платените оброци

Денеска е деветти ден од штрајкот на рударите од флотациониот рудник. Бараат навремена реализација на месечната плата додека бараат и обезбедување услови за работа. За овие барања бараат писмени гаранции.

Вчера, вршителот на должноста  раководител на „Трепча“, Енис Абдурахмани донесе одлука за стопирање на исплатата за редовните дневници и за сите рудари кои штрајкуваа, пренесува Газета Експрес.

Арбреш: Србија не ги бара своите државјани кои се уапсени на Косово

Четворица српски државјани, со потерници од меѓународната полициска агенција Интерпол, се уапсени годинава на Косово – последниот на 30 октомври.

Но, двајца од нив веќе се ослободени, откако поминаа во притвор од 40 дена – колку што предвидува Законот за меѓународна правна соработка на Косово – а Косово нема добиено никакво барање од Србија за нивна екстрадиција.

Двете земји имаат Договор за взаемна правна помош од 2013 година, но имплементацијата на овој договор не се спроведува од страна на Србија, пренесува Арбреш.

Телеграфи: Пријавени се 63 случаи на напади и закани врз новинари – од нив 30 се евидентирани додека известувале од северот

Здружението на новинари на Косово соопшти дека од јануари до октомври годинава биле пријавени 63 случаи на напади и закани врз новинари.

ЗНК соопшти дека од овие 63 пријавени случаи, 30 случаи се евидентирани при известување на новинари и медиуми на северот од државата, а останатите се пријавени од разни други области и прилози, пренесува Телеграфи.

АЛБАНИЈА

Балкан Веб: Вчерашните тензии во претседателството на Собранието/ Пратеникот на ПД ги појаснува последните движења на опозицијата

Ден по жестоките тензии меѓу опозицијата и мнозинството, во Претседателството на Собранието, каде што беше собран Секретаријатот за етика, доаѓа реакција од демократскиот пратеник Дашнор Сула.

Во реакција на „Фејсбук“, Сула, обраќајќи им се на албанските граѓани, нагласува дека во Собранието започна нова реалност. Меѓу другото, Сула додаде дека демократите во трет план ја оставиле политичката иднина, и дека започнива акцијата на грижа за оние кои гласале за нив, пренесува Балкан веб.

КОЛУМНА

Панорама: Заживува ли екстремната десница во Албанија, благодарение и на Бериша?

„Сè помалку се зборува за иднината на десницата во Албанија. За многу од нејзините цврсти поддржувачи, таа останува идентификувана само со Демократската партија и неколку нејзини мали сојузнички  партии, пишува авторот Бен Андони во колумната „Заживува ли екстремната десница во Албанија, благодарение и на Бериша?“, со осврт на десничарскиот тренд во пораст, кој ја зафаќа и Албанија.

“Сè повеќе збунувачки во однос на  сегашноста, каде што нејзината поделба веќе не е само факт, туку се претвора во феномен во албанското политичко општество, таа стигнува до целта, каде малкумина можат да ја предвидат светлината на крајот од тунелот. Првиот од неможноста да се создаде современ идентитет и вториот од неговата идеолошка двосмисленост. За првата „се погрижи“ целата нејзина партија по кобната загуба од 2013 година, а особено г. Баша од челната позиција, пишува Андони во колумната  бјавена во албанскиот медиум Панорама.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ