• Latest

Албански медиуми: Употребата на дронови во Албанија ќе биде контролирана; експертите скептични за остварување на договорот помеѓу Србија и Косово, Вучиќ не ги почитува договорите

December 22, 2023

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Употребата на дронови во Албанија ќе биде контролирана; експертите скептични за остварување на договорот помеѓу Србија и Косово, Вучиќ не ги почитува договорите

December 22, 2023 11:27
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија, од следната година со дронови ќе може да се управува само со сертификат, идентификациски број и распоред на летање.  Албанскиот парламент вчера во тензични услови, со 75 гласа  изгласа одземање на имунитетот на поранешниот премиер Сали Бериша. СПАК побара негово апсење, следат нови процедури.

Во продолжение се темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ- Прес.

АЛБАНИЈА

Телеграфи: Албанија ја прави задолжителна регистрацијата на дронови, а не со неовластени летови

Следната година употребата на дронови во Албанија нема да биде неконтролирана активност. За да се лета со дрон нема да биде доволно да се има технолошка опрема, туку и сертификат за вештина, идентификациски број, па дури и резервиран распоред на летање, пренесе Телеграфи.

Панорама: Собранието 8 минути му го укина имунитетот на Бериша, ЃККО ќе одлучува за мерката за безбедност на поранешниот премиер. Што предвидува постапката?

Парламентот вчера во услови на хаос гласаше за отстранување на имунитетот на поранешниот премиер Бериша. Одлуката доби 75 мнозинство гласови.

Два часа по гласањето, Собранието на Албанија до СПАК ја испрати одлуката донесена на собраниската седница за одобрување апсење на поранешниот премиер Сали Бериша.

Одлуката е донесена за 8 минути во хаос и пушачи во собраниската сала и протестот пред Собранието организиран од опозицијата. Со оваа одлука се отвора пат за апсење на поранешниот премиер.

Сали Бериша е највисокиот функционер во земјата кој се соочува со кривично гонење. По симнувањето на имунитетот, судот ќе одлучи која мерка е соодветна за овој случај. Бериша со 79 години е највисокиот функционер во последните три децении што се соочил со ваква ситуација, пишува Панорама.

КОСОВО

Зери: Вебер скептичен за дијалогот: Се сомневам дека ќе има напредок бидејќи Вучиќ игра, не е заинтересиран да ги почитува договорите

Експертот за Балканот и висок соработник на Советот за политики за демократизација во Берлин, Бодо Вебер, изрази скептицизам за иднината на процесот на дијалог меѓу Косово и Србија.

„Се сомневам дека ќе има напредок во дијалогот меѓу Косово и Србија, бидејќи Александар Вучиќ веќе долго време игра игри и не е заинтересиран да ги почитува договорите. За сè, претседателот на Србија го обвинува Косово дека не е заинтересирано за дијалог, па затоа сум многу скептичен за иднината на овој процес. Тој дури и се спротивстави на притисокот на Западот со тоа што не воведе санкции кон Русија“, рече тој.

Експертот Вебер го коментираше и успехот на изборниот процес во Србија на 17 декември, велејќи дека тие јасно докажале дека постои автократски режим, пренесе Зери.

Перископи: КФОР по нападот во Бањска: Додадовме 1000 војници и потешка опрема

Мисијата на Северноатлантскиот трактат  (НАТО) на Косово, КФОР, потврди дека го зголемила бројот на војници за околу 1.000 и е засилена со потешка машинерија, по терористичкиот напад во Бањска на 24 септември.

„Нема да шпекулираме за некое идно сценарио. Ние сме во близок контакт со институциите во Косово и со безбедносните организации на Косово, како и со други партии, вклучително и Мисијата на ЕУ за владеење на правото (ЕУЛЕКС), началникот на Генералштабот на српските вооружени сили, ОБСЕ – во и ОН“, посочија од КФОР, пренесе Перископи.

КОЛУМНА

Коха: Изборите во Србија, небитни за односите со Косово

Процесот на дијалог не го направи несериозен Србија, туку Европската Унија. Ако успехот на дијалогот зависи од Србија, тогаш тој ќе пропадне. Затоа што Србија ќе ја искористи секоја отстапка што ја прави ЕУ. А отстапките на ЕУ кон Србија се бесконечни, вклучително и сега кога Србија писмено стави до знаење дека нема да ги спроведе главните обврски од Договорот, пишува косовскиот автор Аугустин Палокај во колумната „Изборите во Србија, небитни за односите со Косово“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ