• Latest

Албанците протестираат: Над 5.000 демонстранти, огромно полициско обезбедување!

April 22, 2016

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Албанците протестираат: Над 5.000 демонстранти, огромно полициско обезбедување!

April 22, 2016 15:14
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нешто пред 15 часот, колоната демонстранти тргна од собирното место кај пешачкиот мост на Бит Пазар. Граѓаните Албанци, во организација на ДР-ДПА, НДП, Здружението на ветерани на ОНА и неколку други здруженија, почнаа да се собираат околу 14 часот. Пред да тргнат кон Собранието, дел од демонстрантите се упатија накратко кон Јахја Паша, за да ги пречекаат демонстрантите кои доаѓаа од таа страна на градот.

Долж целата маршрута беше забележливо огромно присуство на полициски сили, во полна борбена опрема. Кордон полицајци беше поставен на булеварот кон стоковната куќа „Мост“, со цел да ги спречи демонстрантите да појдат кон Владата. Толпата на ова одговори со скандирања „УЧК, УЧК!“, а дел од демонстрантите ја повикуваа полицијата да им се приклучи.

DSC_0232

Силно полициско обезбедување беше забележливо и пред новата зграда на МНР, приодот кон Кејот, хотелот „Холидеј Ин“, а просторот пред парламентот, освен коридорот преку кој демонстрантите дојдоа од Бит Пазар, беше ограден од сите страни со железна ограда, оклопни возила и бројни полициски сили – и кон Градската болница, Триумфалната порта, но и кон ГТЦ.

DSC_0326

Никому не му беше дозволено да помине, дури ни на новинарите и снимателите кои беа на задача, што претставува кршење на Уставот и на регулативата за ваков вид собири, која предвидува на новинарите да им биде овозможена слобода на движење со цел на извршување на нивните професионални обврски. Единствениот приод кон плоштадот и западниот дел на градот беше влезот на ГТЦ од страната на пешачкиот премин кај „Холидеј Ин“.

На почетокот на протестот, на новинарските екипи им  се обрати поранешниот пратеник, Хисни Шаќири, кој за продемократските протести и можноста за заедничко протестирање на Македонците и Албанците, рече дека Албанците не треба да чекаат некој друг да им ја заврши работата.

„Ние треба да бидеме присутни во Скопје. Скопје е главен град на сите. Ние треба да го кренеме гласот. Сами треба да се организираме. Не треба да чекаме други да не организираат и да не повикуваат на протести. Ние немаме ништо против никого, но имаме наш концепт, наша национална кауза, имаме значајни политички платформи пред нас, и протестите на Албанците треба да продолжат“, истакна Шаќири.

Тој воедно ги повика Албанците на протестот закажан за 9 мај од Опозицискиот совет на Албанците, во кој членуваат опозициските партии на Албанците кои не стојат како организатори зад денешниот протест.

Петрит Сарачини

Tags: Македонијаполитичка кризаПротест на АлбанцитеПротестиСКОПЈЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ