• Latest
Добро утро со Орданоски

Александар Николовски е во право за Заеви

March 4, 2019
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Александар Николовски е во право за Заеви

March 4, 2019 07:18
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]В[/dropcap]о последниот број на неделникот Фокус, во текстот „Заеви и нивните партнери поседуваат 30 компании во Струмица!“, колегата Влатко Стојановски направил одличен, детален каталог на „бизнис империјата на Заеви“. Од таа бизнис-форензика, некаде на половина од текстот почнувате да добивате први знаци на главоболки, а додека се пробиете до крајот од анализата ви станува јасно дека во последните десетина години големото семејство Заеви и нивните роднини и пријатели, вредно работејќи, воспоставиле моќна мрежа од хоризонтално и вертикално испреплетени компании низ чии дејности во три-четири области (најмногу во градежништвото) се инвестираат и се оплодуваат десетици и десетици милиони евра годишно.

„Компаниите – заклучува колегата Стојановски – можеби имаат минимален допир со државата преку тендери и концесии“, но имаат секојдневни релации со државните и локалните органи на власт, бидејќи се упатени на добивање безброј лиценци, концесии, дозволи, согласности, одобренија… А предлагаат и нови или редефинирани законски и подзаконски решенија, битни за областите во кои се одвива деловната активност на Заеви.

Своевремено, заради одредени медиумски анализи, со една група колеги правевме слични сопственички шеми на испреплетените бизнис империи на Ѕинго (далеку поголема од онаа на Заеви) и Стојменови (тука некаде, разгранета колку и на Заеви); тогаш државата му ја „сплете“ и деловната „пајажина“ на Рамковски, а опсежните шеми на компликуваните деловни зафати и поврзаности на дел од фирмите на Мијалкови и Камчеви се тековна правосудна теленовела во која, како во постарите порно филмови, единствено не се знае дали на крајот партнерите ќе се земат.

Може ли Македонија да издржи, без сериозни последици, вака женерозни преплети на пари и влијанија, а да остане политички „невина“?

Не може. Не е прашање дали Заеви ќе ја злоупотребат моќта – порано или подоцна, сигурно – туку дали ќе ги фатиме на време пред сите да влеземе во потребата од мачна и скапа правно-политичка бракоразводна парница? Уште не сме го доваросале ни Собранието како што треба, по последниот турбулентен развод со претходните бизнис-политичари. За да се поштедиме од тој непотребен трошок, од најголема важност е функционирањето на независните контролни државни институции и будноста на најголемата невладина организација во државата, македонската јавност. Добро, не е Заев Берлускони, ама не ми личи ни на Блумберг.

Затоа, кога потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски оценува дека Заеви стануваат „главен бизнис фактор играч во државава“, сосема е погрешно за тоа Вице Заев да го тужи за клевета, па уште и да го добие на суд! Напротив, заради таквите критики, па нека им е намерата и клеветничка, Заеви треба да предложат како уште потранспарентно да ги водат своите деловни мрежи, а одредени бизниси или да ги „замрзнат“ или од нив сосема да се откажат, доколку таму деловното „триење“ со државата е преголемо. На пример, што им треба вложување во бизнисот со одгледување марихуана, дејност која би требала да е високорегулирана и предмет на арбитрарни државни контроли? Во успехот на таа дејност однесувањето на власта е покритично отколку во производството на ајвар или тули.

Ова е поширокиот контекст во кој сега, „потесно“, уредно ќе се испокараме кој треба да победи на претседателските избори. Но, додека таа кавга „на живот и смрт“ тече, за деловниот интерес на Заеви тоа ќе биде бизнис ес јужуал, бидејќи таксиметарот што пресметува инвестиции и профити ќе си врти. Има во животот и поважни работи од високата политика…

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

Share240TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ