Амбасадорката на Украина во земјава, Лариса Дир, на Твитер сподели информации на 395-от ден од почетокот на руската инвазија во Украина.
Повеќе од 18.000 украински деца настрадаа како резултат на вооружената агресија на Русија, пишува во твитот.
Според статистиката од Јавното обвинителство на Украина на руските воени злосторства за изминатата недела (17 – 24 март 2023 година) регистрирани се 1.602 нови злосторства, во кои има 465 загинати, 942 ранети, 394 исчезнати и 16.226 насилно депортирани лица, а вратени се 324 украински деца.
395-ти ден од инвазијата од големи размери на рф – повеќе од 18.000 украински деца настрадаа како резултат на вооружената агресија на рф. Според @GP_Ukraine има
465 загинати, 942 ранети, 394 исчезнати; 16.226 насилно депортирани; вратени се 324 украински деца
?@ReutersWorld pic.twitter.com/PPY2krMsVQ— Larysa Dir (@dir_larysa) March 25, 2023
Г. Т.