• Latest

Амбасадорот на Чешка, Јарослав Лудва: Европејците да си ги откријат вистинските чувства и да им помогнат на Украинците

March 1, 2023

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ

Амбасадорот на Чешка, Јарослав Лудва: Европејците да си ги откријат вистинските чувства и да им помогнат на Украинците

March 1, 2023 13:57
in ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Република Чешка и Украина можеби не се соседи, Прага е далеку од Киев географски, но блиску ни се срцата. Украинците се во срцата на сите граѓани на Република Чешка. Така беше од самиот почеток на бруталната руска агресија врз Украина, вели амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва, на конференцијата „Украина: Година на хероизмот“, што се одржа на 24 февруари во организација на ЦИВИЛ –Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.

„Подготвив одредени цифри, но сметам дека руската агресија врз Украина не е само цифри, туку чувства и подготвеност да се помогне. Не е битно колку голема е таа помош, затоа што секоја земја има различна способност и големина. Но, треба да се има и најбитно е да се има порив за помош. Споменав во Чешка, Украина и беше секогаш најдобар пријател на Чешка. Можеби некои беа рамнодушни претходно, но откако започна војната, јас позитивно бев изненаден од реакцијата, дури и на оние кои што некако претходно беа рамнодушни. И сега целата нација е со Украина.“, вели Лудва.

Чешкиот амбасадор се осврна на поддршката за украинските бегалци во Чешка, во форма на хуманитарна помош и олеснување на интегрирањето во општеството.

„Република Чешка е традиционална дестинација за Украинци, за украинските работници, имавме и претходно во големи броеви, уште пред да започне војната, а и сега е главна дестинација за украинските бегалци. Досега, имаше повеќе од половина милион на кои што им е даден статус на  привремен престој, а сега има повеќе од половина милион бегалци во Република Чешка, како и оние кои што живеат и работат во Република Чешка, околу 900,000 Украинци кои што живеат во Република Чешка. Имаме и поддршка од државниот буџет за бегалците во Република Чешка. Нешто повеќе од еден милион евра и згора на тоа има хуманитарна помош, и тоа значителна хуманитарна помош на внатрешно раселените бегалци во Украина, како и оние во Молдавија. Украинците не само што живеат во Република Чешка, туку значителен број од нив, скоро 170,000 од нив имаат веќе најдено работа на пазарот на труд во Чешка и се интегрираат добро во општеството. Исто така, има одреден број луѓе кои што студираат во чешките училишта, околу 50,000 ученици во основно и средно образование во Чешка Република. Исто така, има значителна воена помош која изнесува 3 милион американски долари. Но, како што реков претходно, оваа агресија не се сведува само на бројки.

Станува збор за тоа Европејците да си ги откријат вистинските чувства и во вистинскиот момент да им помогнат на оние кои што имаат потреба од помош, односно на Украинците. Слава на Украина.“, порача Лудва.

Транскрипција и превод : Наташа Цветковска

Камера: Атанас Петровски/ Александар Ризински

Реализација и монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Ангел Ангеловски

Tags: „Украина – година на хероизмот“амбасадорЈарослав ЛудваконференцијаРепублика Чешка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ