• Latest
I Welcome - Website Header

Амнести Интернешнел до Трамп: „Ќе се бориме!“

January 27, 2017

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Амнести Интернешнел до Трамп: „Ќе се бориме!“

January 27, 2017 16:54
in СВЕТ
I Welcome - Website Header

I Welcome - Website Header

Share on FacebookShare on Twitter

„Ќе се бориме против ова опасно движење со сé што имаме. Овој ѕид има за цел да испрати порака дека од тие што се надвор од САД, особено од Латинска Америка, треба да се плашиме и да ги оттурнеме, а тоа е едноставно, погрешно“, изјави Маргарет Хуанг, извршна директорка на Амнести Интернешнел за САД, по одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, за изградба на ѕид на границата со Мексико, изградба на нови центри за притвор и за укинување на федералното финансирање на засолништата во градовите каде се наоѓаат бегалците.

„I Welcome“  е кампања на „Амнести Интернешнел“ за заштита на правата на бегалците и на луѓето кои бараат азил, која го документира кршењето на човековите права и репресиите од земјите од кои доаѓаат, и на тој начин укажува на хуманитарната криза која владее и врши притисок врз нив за нејзино решавање. Во САД, „Амнести Интернешнел“ работи на програми за заштита на бегалците, нивно безбедно преселување и пристап до азилите на јужната граница. Посебен акцент се става на практиката на задржување на децата и нивните мајки кои бараат азил и на останатите практики кои го поткопуваат пристапот до заштита, што е многу значајно.

Се претпоставува дека претседателот Трамп, како една од реформите на почетокот на својот мандат, планира потпишување наредби за забрана од патување од муслиманските земји, како и за други национални безбедносни прашања, кои се однесуваат на ваквите дискриминаторски политики.

„Нашите членови и поддржувачи ќе бараат од Конгресот да ги заштити луѓето кои бараат азил, вклучувајќи ги и оние кои бегаат од насилството во Латинска Америка. Ние нема да дозволиме претседателот Доналд Трамп да создаде бегалски кампови по должината на границата со Мексико, како оние што ги видовме во Грција, Австрија и други земји”, изјави Хуанг, потенцирајќи дека засолништата во градовите треба да помогнат во заштитата на човековите права на луѓето кои бараат азил. Локалните спроведувачи на законот треба да соработуваат со локалните заедници во насока на заштита на нивната безбедност, а не да дејствуваат како агенција за имиграција.

Кампањата „I Welcome“ порачува дека ако не можеме да влијаеме на политичарите да го променат светот, сами треба ги направиме промените.

 

Tags: „Амнести Интернешнел„бегалциДоналд ТрампкампањаСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ