• Latest

Ангеловска-Бежоска: Постои ризик од зголемување на јазот во економскиот просперитет, осoбено кај земјите што не се членки на ЕУ

October 24, 2022

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Постои ризик од зголемување на јазот во економскиот просперитет, осoбено кај земјите што не се членки на ЕУ

October 24, 2022 11:20
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска го водеше еден од трите панели на Конференцијата на централната банка на Полска, а останатите два панели ги водеа Гувернерот на Централна банка на Австрија и Гувернерот на Централната банка на Литванија, соопштија денеска од кабинетот на Ангеловска-Бежоска.

Конференцијата била посветена на процесот на конвергенција во регионот на Централна и Југоисточна Европа.

– Без сомнение во последните три децении има голем напредок во трансформацијата на економиите на земјите од Централна и Југоисточна Европа и во нивната конвергенција кон напредните економии на ЕУ, при што брзината варира помеѓу различни земји и во различни периоди. Сепак, најмал е прогресот на регионот на Западен Балкан каде доходот во однос на просечниот доход во ЕУ-15 во просек сеуште е помал од 40 проценти, истакнала гувернерката Ангеловска-Бежоска отворајќи ја како модератор панел-дискусијата.

Во периодот пред пандемијата, англасила, се забележа забавување на конвергенцијата, а ризиците за натамошно забавување се нагласени од шоковите со кои тековно се соочуваме, пренесува МИА.

Гувернерката додака дека пандемијата и другите шокови кои следеа, ги погодија сите економии, но не со еднаков интензитет поради различните структури и разлики во реакциите на политиките.

– Со тоа дополнително се нагласува ризикот од понатамошно разидување наместо конвергенција, т.е. ризик од зголемување на јазот во економскиот просперитет. Овој ризик е уште повеќе изразен кај земјите кои не се членки на Европската Унија бидејќи тие немаат пристап до фондовите на ЕУ кои се наменети за тоа (на пример Фондот за заздравување од пандемијата со кој се финансираат инвестиции и структурни реформи). Забавување на конвергенцијата е резултат и на циклични, но и на структурни фактори што се согласува и преку намалениот потенција за раст на регионот. Намалениот потенцијал за раст се објаснува преку трите долгорочни фактори за раст: човечкиот капитал, физичкиот капитал и продуктивноста, подвлекла Ангеловска-Бежоска.

Говорејќи за работната сила на населението во државите, гувернерката Ангеловска-Бежоска истакнала дека регионот се соочува со пад на стапката на работоспособно население што е одраз на неповолните демографски трендови, но и на иселувањето. Со оглед на проценките дека во некои земји околу 1/3 од емиграцијата се лица со висока квалификација, овие трендови, според неа, негативно влијаат не само на обемот, туку и на квалитетот на работната сила. Оттаму, структурните реформи се клучни за подигнување на потенцијалот за раст и побрзо доближување до доходот на развиените економии во ЕУ.

За перспективите за континуирана конвергенција во Централна Европа, за стареењето на населението и растечките трошоци за работна сила, за економските модели на раст и финансиските системи кои се значајна поддршка за поттикнување на економскиот раст, како и за дизајнирањето на соодветни макроекономски политики во услови на висока неизвесност на панел-дискусијата разговараа Корнел Бан, вонреден професор по меѓународна политичка економија при Копенхаген школата за бизнис, Дејвид Марш, претседател на Официјалниот форум на монетарни и финансиски институции (ОМФИФ) и Рајнер Мартин, директор на Одделот за истражување при Народната банка на Словенија.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ