При гостувањата во градовите низ Македонија соговорниците на ЦИВИЛ – Центар за слобода често потенцираа дека не се сигурни дека воопшто ќе се одржат парламентарните избори во закажаниот термин на 5 јуни.Дел од нив не беа информирани дури ни за поместувањето од 24 април на 5 јуни, а друг дел беа резервирани околу можноста повторно да дојде до недоразбирање меѓу партиите и до откажување на изборите.
Од тие причини екипата на ЦИВИЛ Медиа на скопските улици направи видео анкета на тема „Дали изборите ќе се одржат на 5 јуни?“ И скопјани се скептични во поглед на одржувањето на изборите на тој датум, едни поради неисполнетите услови за кредибилни избори, а други поради недовербата во цврстината на ставовите на партиите.
[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=Txhuo-i17HY[/youtube]