• Latest
Јустиција пред ОЈО / креативната акција на #CreativeAntiCorruption

Антикорупциска нема кривично да ја гони министерката Ангеловска, ОЈО поднесе обвинение за Милошоски за случајот „Моќник“…

August 24, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Антикорупциска нема кривично да ја гони министерката Ангеловска, ОЈО поднесе обвинение за Милошоски за случајот „Моќник“…

August 24, 2020 16:57
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Јустиција пред ОЈО / креативната акција на #CreativeAntiCorruption

Јустиција пред ОЈО / креативната акција на #CreativeAntiCorruption

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: ДКСК: Ангеловска нема кривична одговорност, но мора да се доуредат прописите за спречување на судир на интереси

На денешната седница Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси го разгледуваше случајот за судир на интереси на министерката за финансии Нина Ангеловска, а поврзано со случајот стечај на Еуростандард банка.

„Министерката имала можност да ги дознае информациите поврзани со банката каде што таа е клиент, а кои што не биле достапни до другите клиенти, штедачи на банката, така што овие податоци и инфромации можеле да имаат влијание врз донесувањето на нејзините одлуки поврзани со депозитот што го имала со што била во позиција да оствари предност пред останатите штедачи во банката“, изјави Ивановска.

ДКСК доаѓа до заклучок дека нема кривична одговорност кај министерката Ангеловска, но од етички аспект го покренува прашањето на високо ниво и за таа цел ќе препорачаат да се доуредат прописите, особено Меморандумот за соработка меѓу Народна банка и Министерството за финансии, како и останатите регулаторни тела со додавање уредби. Овие уредби треба да го регулираат особено оној дел каде се вели дека одреден носител на функција има можност да располага со информации и тие да ги искористи за своја корист или да обезбеди предност за себе или некој друг.

ЦИВИЛНИ ВЕСТИ

Јовановиќ: Кога луѓето немаат леб да јадат, бираат национализам

„Национализмот ги погаѓа најсиромашните, ги погаѓа најмногу работниците. Иронијата е што токму тие што се најмногу погодени до него се истите што најмногу подржуваат“, вели Бранимир Јовановиќ во интервјуото во рамки на Граѓанскиот форум на ЦИВИЛ на тема „Национализам“.

„Тие се први што гласаат за партии што пласираат такви програми за време на изборите. Сме го виделе многу пати ова низ историјата, секаде низ светот, не само кај нас. Но, последниве избори кај нас можевме да го видиме, затоа што, според мене, најголем победник е национализмот.

„Тик Ток“ тепачка за меѓуетничка и политичка пресметка

Додека сите очи се вперени во формирање на новото парламентарно мнозинство и формирање на нова влада меѓу коалиционите партнери СДСМ и ДУИ, и додека сè погласни се повиците од членството за оставка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повторно на социјалните мрежи се шири и разгорува меѓуетничка нетолеранција, говор на омраза и повици за физички пресметки, откако пред два дена Тв Сител објави кратко видео од социјалната мрежа „Тик Ток“, во кое се гледа дека најмалку три лица тепаат едно момче, сугерирајќи дека тоа се случува во нашата држава.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Скопското обвинителство до Кривичниот суд Скопје, поднесе обвинение за предметот „Моќник” кој претходно беше во обработен од страна на поранешното СЈО, пренесува МИА. Поднесено обвинение за Aнонио Милошоски и уште 12 лица во предметот „Моќник“​.

Иако не се знае точниот број на членови на ВМРО-ДПМНЕ што се организираа во Иницијативен одмор за свикување на вонреден конгрес на партијата и поднесување оставка на Христијан Мицкоски од функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ, сепак, тие не отстапуваат од своите барања за промени.

Прво верификација на мандатите на пратениците, а потоа доставување предлог на Влада, изјавил Зоран Заев, претседател на СДСМ и мандатар за новата Влада, за Тв21.

Тече рокот во кој треба да биде поднесен предлогот за состав на нова влада. На веб страницата на Собранието за денеска не е закажана седница. Крајниот рок е 2 септември.

Сојузот на средношколците го презакажаа протестот за 31 август, со цел да го искажат своето незадоволство од одлуката за целосна онлајн настава. преку кој сакаат да го искажат нивното незадоволство од одлуката за целосното имплементирање на онлајн наставата. Протестот првично беше закажан на 28 август, но поради христијанскиот празник Голема Богородица и неговото значење.

Али Ахмети, лидерот на ДУИ вчера потврди дека бил повикан да сведочи пред обвинителите на Специјалното обвинителство во Косово на 2 и 3 септември.

Д. Муратов

Share39Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ