Како после секој ТВ-дуел меѓу Заев и Мицкоски, не е толку тешко да се оцени кој „победил“ во таа долга, на моменти мачна дебата што ни ја одзема целата вечер (со непристојно долгите распродадени паузи за реклами, како да се работи за борба на петли) минатиот понеделник. Тоа е така бидејќи лидерот на власта и водачот на опозицијата се двајца потполно различни политичари и по своите лични карактеристики и по своите политички, лидерски капацитети и портфолија, па како да играат во различни спортови: Заев фрла ѓуле, Мицкоски си вози стипл-чез., читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Има разлика:Заев фрла ѓуле, Мицкоски си вози стипл-чез.”
Иако не е официјално, веќе одамна е започната предизборната кампања за локалните избори кои треба да се одржат на 17 октомври 2021 година. Кампањата ја започнаа без исклучок сите политички партии, без оглед на тоа дали станува збор за претставници на опозицијата или на власта., пишува Дехран Муратов во својата анализа „Kонсензус“ меѓу политичарите: Се води предвремена изборна кампања”.
ЧОВЕКОВИ ПРАВА: Работна средба на ИППГ за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија
АНТИКОРУПЦИСКА: Јавна дебата „Локални избори 2021 – Интегритет на изборниот процес и интегритет на учесниците“ во организација Државната комисија за спречување на корупцијата. Дебатата може да ја проследите онлајн на https://zoom.us/j/93731955795?pwd=WEZTNzY5ZXl3V2J6eUtxa0VRU0ROUT09 , со почеток во 12:00.
СОБРАНИЕ: Седници на собраниската Комисија за финансирање и буџет и на собраниската Комисија за надворешна политика.
ЕКОНОМИЈА: Министерот за финансии Фатмир Бесими, вицепремиерот Љупчо Николовски, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, амбасадорот на Словачка Хенрик Маркуш и Сања Бојаниќ, заменичка на постојаната претставничка на УНДП ќе се обратат на настанот „Детектирање и намалување на неформалната економија во РС Македонија“.
ПАРТНЕРСТВО: Министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на АД „Национални енергетски ресурси“, Бајрам Реџепи ќе учествуваат на Министерскиот состанок на Партнерство за трансатлантска енергија и климатска соработка (P-TECC) кој што се одржува во Варшава, Полска. Состанокот е во организација на Министерството за енергија на Соединетите Американски Држави и Министерството за клима и животна средина на Република Полска.
КУЛТУРА: Одбележување на Европски денови на културно наследство 2021 во Даут Пашин Амам
МОНИТОРИНГ: Во тек е повикот за аплицирање за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Крајниот рок за пријавување е 30 септември, до 17 часот. Од организацијата информираат дека е доволно да се аплицира само еднаш и дека сите што аплицирале, без исклучок, поединечно ќе бидат информирани дали нивната апликација е прифатена или не.
КОМУНИКАЦИЈА: Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев