• Latest

Антикорупциската крими приказна

December 26, 2018
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Антикорупциската крими приказна

December 26, 2018 15:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На дневниот ред на Собранието денеска е Предлог-законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по скратена постапка. Самиот закон помина низ многу корекции и промени, до неговото прво читање со 58 гласа „за“ и 16 „против“.

На ова му претходеше конкурсот за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на кој се пријавија 39 кандидати. Останува отворено прашањето дали и со промената на законот, веќе пријавените кандидати остануваат во игра или членовите на ДКСК ќе се бираат според новиот закон.

И покрај очекувањата на вработените во Секретаријатот на Антикорупциска дека веќе нема да останат пасивни во однос на коруптивните процеси во земјата и дека новиот закон ќе внесе коренити промени во структурата на институцијата, тие најверојатно ќе останат неисполнети.

Розета Трајан, конференција „За општество ослободено од корупција“, 6 декември 2018

На конференцијата „Општество ослободено од корупција“, што се одржа неодамна (6 декември) во организација на ЦИВИЛ, генералната секретарка на Секретаријатот на ДКСК, Розета Трајан, изрази надеж дека новиот закон ќе придонесе ДКСК базирана на компетентност, личен и професионален интегритет, соодветно работно искуство, со елиминација на партиските влијанија. На конференцијата присуствуваа над 120 луѓе, меѓу кои и премиерот Зоран Заев, претставници на невладините организации, владините институции, бизнисот, меѓународната заедница, медиумите, како и експертската фела.

Што се однесува, пак, до Секретаријатот на ДКСК, дали ќе биде независен и дали новиот закон ќе овозможи поголема заштита за вработените, повторно пишува Џабир Дерала во неговата денешна колумна „ Уште еден пораз во борбата против корупцијата?“.

„Нивната плата (се мисли на членовите на ДКСК заб. на авторот) ќе биде на ниво на пратеничката, а на претседателот/претседателката на ДКСК ќе се качи на ниво на потпретседател-ка на Собранието (распон меѓу 1.000 и 1.200 евра) со мандат од пет години…  Да ве потсетам, Секретаријатот е малуброен и слабо платен. Тоа останува непроменето и со новиот закон. Значи, предлагачите на законот немале проблем да им дадат повисоки плати и повеќе бенефиции на функционерите, но не и на тие што на свој грб ќе ја носат работата. И тоа не е крај. За истите плати, вработените во Секретаријатот ќе имаат повеќе и повисоки ингеренции отколку порано, што значи и повеќе задолженија и работни задачи“, експлицитен е Дерала.

Бројот на членови останува ист. Наместо, како што се заговараше да бидат пет, сепак, останува ДКСК повторно да има седум члена. Очекувањата се, до распишување на изборите на 3 или 4 февруари, ДКСК да е биде веќе формирана.

Дури и да бидат седум члена, потсетува Сашо Орданоски („СЈО, СЈО, та преку ДКСК“, ЦИВИЛ МЕДИА), друг проблем со кој ќе се соочи Комисијата е што „нема да биде лесно да се идентификуваат квалитетни кандидати за членови на ДКСК кои, од една страна, ќе бидат доволно „аутсајдери“ во тековната каша-попара на македонската политичка, кадровска и бизнис сцена; а, од друга страна, да го имаат вистинскиот баланс на знаење, искуство и карактер, па уште да бидат и заинтересирани за работа во ова тело. Кај нас корупцијата е толку распространета, што и борбата против неа може да биде вносен бизнис!“

ЦИВИЛ– Центар за слобода со години интензивно ја следи корупцијата, со посебен фокус на политичката корупција. Мониторингот најчесто е дел од долгорочниот мониторинг на состојбата на човековите права, политичките, а особено изборните процеси.

Корупцијата е составен дел од политичкото и општественото опстојување, таа е болна реалност што, во своето вистинско светло, станува очигледна за време на изборите и по нив… до следните избори.

Државите формираат институции што се борат против корупцијата, а нашата, низ годините, успеа преку една таква институција само да создаде или барем да ги овозможува идеалните услови за развој на корупцијата.

Конференција „За општество ослободено од корупција“, 6 декември 2018

Медиумската платформа на ЦИВИЛ беше одлична можност за повеќе авторки и автори, познати јавни личности, да ги пренесат своите ставови, наоди и препораки во борбата против корупцијата.

„(Анти)корупција“ е една од најновите публикации на ЦИВИЛ што целосно е посветена токму на предизвиците што ги носи борбата против корупцијата. Изборот на текстовите е направен во обратен хронолошки редослед од текстовите објавени во рубриката МИСЛА за една година (од 4 декември 2018 до 3 декември 2017 година). Публикацијата претставува своевиден водич низ перцепцијата на колумнистите и експертите за корупцијата и антикорупциските процеси и проекти.

Со оглед на тоа како се одвиваат работите, но и од тоа како ќе помине Предлог-законот во Собрание, ќе зависи и колку институционално ќе се решава проблемот со коруција, а колку влијанието ќе доаѓа од меѓусебните партиски договори.

Дали борбата против корупцијата ќе премине во анти – антикорупција или ДКСК ќе успее реално да се бори против неа, останува да видиме. Како и многу други процеси, повеќе ќе зависи од политичката волја, особено имајќи предвид дека најголемиот дел од препораките од граѓанското општество, воопшто не се влезени во Предлог-законот за спречување на корупцијата.

Биљана Јордановска

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Фотографии: Биљана Јордановска

Tags: антикорупцијаДКСКзаконЦивил
Share16TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ