Антиваксерите „пуштени на најјако“ со зголемувањето на интересот за вакцинација деновиве… На Твитер се појави видео каде човек пред вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје, ги повикува луѓето да не се вакцинираат туку да читаат Библија, притоа упатувајќи навредливи зборови кон премиерот Зоран Заев.
„Не верувајте во Заев, тој му служи на ѓаволот, на Сорос, на Бил Гејтс“, се само дел од зборовите кој што тој ги извикувал пред вакциналниот пункт.
Чујте и почујте!!!!! pic.twitter.com/Y9MWpDrHQq
— Sheezika (@PDodevski) May 27, 2021
Дел од граѓан(к)ите коментираат дека треба да се уапси овој лик бидејќи шири паника и дезинформации во врска со вакцините против Ковид-19, додека други го оправдуваат со образложение дека „живееме во демократија и секој има право да прави што сака“.
Дел од граѓаните го споделиле видеото коментирајќи: „Да не носеше скапа маица ќе речев дека е Апасиев“, други коментираат дека „Пирло по отказот од Јувентус дошол во Македонија да промовира кампања против вакцинирање“.
Ваквиот случај не е изолиран, со оглед дека социјалните мрежи изобилуваат со групи, страници и индивидуалци водени од недоволна информираност или други побуди, своето несогласување со процесот на вакцинација да го користат за ширење и на лажни вести, дезинформации и говор на омраза.