• Latest

Јаневска: Поддршката од уредникот е многу важна!

November 13, 2017

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Јаневска: Поддршката од уредникот е многу важна!

November 13, 2017 14:13
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Убавка Јаневска, долгогодишна новинарка, во интервју за ЦИВИЛ Медиа зборува за слободата на изразување, за медиумските слободи, за уредништвото како поттик за новинарите и притисоците со кои таа се соочила во текот на својата работа.

ЦИВИЛ Медиа: Што за вас претставува слободата на изразување, медиумиските слободи и активизмот?

Јаневска: Слобода, граѓаниниот да може без страв да го соопшти сопствениот личен став по сите актуелни, па и неактуелни прашања во локалната заедница. Новинарот да може слободно, без да се самоцензурира, да го напише сопствениот текст и да го објави. Сметам дека слободата може да мотивира што поголем број на граѓани да пристапат во граѓанските организации и на тој начин, во позитивна смисла, да делуваат во реализација на активностите, пред сѐ, дебатите, трибините, тркалезните маси, кадешто се отвораат суштествени теми за животот во локалната заедница.

ЦИВИЛ Медиа: На кој начин ги поддржувате или можете да ги поддржите слободата на говор и медиумските слободи?

Јаневска: Преку пишување на текстови во коишто новинарот изворно ќе ја пренесе информацијата на граѓаните. Се разбира, ќе ги извади најсуштествените моменти, или аргументи и ќе презентира навистина вистинита, точна и навремена информација.

ЦИВИЛ Медиа: Дали се соочувате со политичките и бизнис центрите на моќта и како се справувате со истите?

Јаневска: Со притисок не сум се соочила, освен со државна институција, ако можеме така да го наречеме Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, зборувам за периодот пред април, кога од мене лично беше побарано од страна на полицаец, да ги избришам фотографиите што јас ги снимив во Велес, кога стигнав, меѓу првите, на местото каде беше запалено возилото на командирот на полициската станица во Велес. Одговорив категорично дека тоа нема да го сторам. Повторно, откако полицаецот отиде во домот на командирот, бев замолена да ги избришам информациите. Бидејќи дадов отпор и кажав дека тоа нема да го сторам, туку дека доколку тој смета дека сум направила некаков законски прекршок, може да ме приведе во полициска станица. Како резултат на таквото однесување по неколку месеци, обидувајќи се да добијам информација на телефонскиот број 192 за можна сообраќајна несреќа, бев пцуена по телефон, од дежурниот полицаец, којшто беше на смена.

До денеска не сум се соочила со друг вид на притисок којшто доаѓа од политичари или пак од бизнис центрите на моќ.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се вашите препораки во контекст на борбата за слободни медиуми?

Јаневска: Поддршка на уредникот за новинарот. Изградената релација на доверба меѓу новинарот и уредникот, сметам дека е клучен момент во целата оваа приказна, или тема за којашто ние денеска зборуваме. Искуството од мојата работа пред 11 години во повеќе медиуми, уредникот беше тој кој ми значеше многу и ме поттикнуваше секако да ја пренесам вистинската информација, вистината од терен. Сметам дека треба повторно, во овој период којшто ни следува, да ни биде некаква ѕвезда водилка. Таа поддршка што тогаш ја имавме, комплетно одговара како одговор на поставеното прашање.

Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.


Tags: @активизаминтервјуМедиумимедиумски слободиновинарствоПритисокслобда на изразувањеУбавка Јаневскауредници
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ